Азир Алиу од движењето ВЛЕН тврди дека постои политичка врска меѓу Левица и ДУИ (АКИ), која, според него, се гледа преку изборните резултати.
„Во Скопје, околу 4000 гласови од листата на АКИ преминале кај кандидатот на Левица за градоначалник. Според анализите што ги направивме, овие гласови недостасуваат кај АКИ и се префрлени кај Левица, што лесно се гледа во бројките“, рече Алиу.
Тој нагласи дека кандидатите на АКИ во Струга, Тетово и Гостивар целеле да одвлечат дел од македонското гласачко тело во првиот круг, за возврат ветувајќи 4000 гласови за Левица во Скопје.
„Следната недела ќе направам визуелизација и ќе одржам прес-конференција за тоа како АКИ во скриени кулоари прави коалиции со Левица, додека на локално ниво продава патриотизам“, истакна Алиу.


