ВЛЕН: На 19 октомври граѓаните во Струга ќе пресудат против тајната соработка на ДУИ и Левица

September 17, 2025
1 min read

Коалицијата ВЛЕН жестоко реагираше, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција (ДУИ) за „најтемниот политички пазар досега“ – наводна тајна соработка со партијата Левица со цел спречување на победата на нивниот кандидат за градоначалник, Менди Ќира.

Според ВЛЕН, договорот бил планиран од пратеникот Кренар Лога и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, заедно со генералната секретарка Јована Мојсовска. ВЛЕН тврди дека Мојсовска била поставена како „изненадувачки“ кандидат во Струга за да ги собере гласовите на македонскиот блок и да ја спречи победата на Ќира уште во првиот круг.

„Ова е срамна зделка, доказ дека за ДУИ власта е поважна од достоинството на Албанците,“ велат од ВЛЕН, додавајќи дека соработката со партија која, според нив, гради политичка кариера врз „албанофобија“, претставува „гробно предавство“ кон граѓаните на Струга.

 

Коалицијата повикува јавноста да не потпаѓа под сценарија креирани во „мрачни ходници“ и бара одговори за тоа што добиле Лога и Апасиев од оваа зделка.

ВЛЕН уверува дека, и покрај „валканите договори“, Менди Ќира на 19 октомври ќе победи во Струга, бидејќи „волјата на граѓаните не се купува, не се заплашува и не се запира со лажни политички зделки“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Божиновска: Нова ера на енергетска ефикасност за пониски сметки и почист воздух – Собранието го усвои Законот за енергетска ефикасност

Следно

Експерти: Потпалуваат добро обучени диверзанти

Latest from Blog

Зеленски: Подготвен сум за средба со Путин без предуслови

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, во интервју за „Скај њуз“ изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со американскиот претседател Доналд Трамп, без никакви предуслови. „Колку што

За што најмногу го користиме ChatGPT?

Од секојдневни задачи до деловни одлуки – еве што вели истражувањето за тоа како 700 милиони луѓе го користат ChatGPT. OpenAI штотуку ги објави резултатите од својата најголема анкета досега за тоа

На 22-ри септември ќе биде објавена пресудата за онкологот Мери Пешевска

Основниот кривичен суд Скопје пресудата за второобвинетата за случајот Онкологија, онкологот Мери Пешевска која призна вина ќе ја објави на 22 септември. Пешевска заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола

Ѓорѓиевски: Почна изградбата на првата училишна спортска сала во Припор

радоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес направи увид во градежните активности за изградба на првата училишна спортска сала во населбата Припор. Новата сала ќе биде сместена во дворот на ПОУ „Круме

Вучиќ: Трамп ме покани во Белата куќа

 Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека американскиот државен секретар Марк Рубио побарал средба со него за време на неговиот претстоен престој во Њујорк, каде што ќе присуствува на Генералното собрание на ОН,
Go toTop