ВЛЕН: Албанската опозиција предводена од ДУИ е пред целосен распад

November 21, 2025
1 min read

Албанската опозиција предводена од ДУИ се соочува со сериозна криза, оценуваат од коалицијата ВЛЕН.

Во нивното соопштение се наведува дека она на што долго време предупредувале, денес станало реалност — како што велат, „селотејп коалицијата“ НАИ се покажала како најголема политичка измама во последните години.

Од ВЛЕН аргументираат дека последните заминувања и внатрешниот хаос потврдуваат дека проектот НАИ не бил создаден за интересите на Албанците, туку за лични амбиции, „спакувани во ПР трикот на т.н. референдум“, со цел, како што велат, „да се фрли пепел во очите на граѓаните“.„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозициска сила.

Денес се распаѓа пред очите на јавноста — камен по камен, бројка по бројка. Заминувањата на Мендух Тачи, Арјанит Хоџа, Кренар Љога и Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз лични, а не граѓански интереси“, стои во соопштението на ВЛЕН.

Од таму додаваат дека, иако не се радуваат на внатрешните распади кај другите политички субјекти, ваквата состојба, според нив, ѝ штети на политичката сцена и ги остава граѓаните без реална алтернатива. „Албанците заслужуваат сериозен политички пристап, а не неуспешни експерименти споени со селотејп“, се наведува на крајот од реакцијата на ВЛЕН.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Македонскиот пазар се менува – хидроцентралите добиваат шанса да станат складишта на енергија

Следно

Мицкоски од Тирана: Македонија останува решително ориентирана кон европските интеграции

Latest from Blog

Мицкоски од Тирана: Македонија останува решително ориентирана кон европските интеграции

Премиерот Христијан Мицкоски денес присуствува на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Албанија. -Овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на

Македонскиот пазар се менува – хидроцентралите добиваат шанса да станат складишта на енергија

Со новиот Закон за енергетика, донесен во мај 2025 година, Македонија формално воведе две нови улоги во електроенергетскиот систем: оператор на складиште за електрична енергија и агрегатор. Законот стапи на сила како системски и

Легендата на Сити ја заврши кариерата: Ништо не ме мотивира повеќе во фудбалот

Бразилскиот играч од средниот ред Фернандињо ја заврши кариерата на 40-годишна возраст. Неговиот последен клуб беше бразилскиот Атлетико Параненсе, каде што неговиот договор истече на почетокот на оваа година. Бразилецот досега не

Најмалку три лица загинаа во земјотресот во Бангладеш

Најмалку три лица загинаа во земјотресот што го погоди Бангладеш утрово, објави Ројтерс. Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ) претходно денес објави дека земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата
Go toTop