Владата пренамени 32,5 милиони евра за 66 проекти во 44 општини

December 19, 2023
1 min read

Како што истакна премиерот Димитар Ковачевски на потпишувањето на договорите помеѓу министерствата, агенциите и општините, целта на оваа пренамена е да се покаже колку се важни потребите и интересите на граѓаните

Преку пренамена на финансиски средства од буџетите на шест министерства и една агенција, денеска, 44 општини во државата добија две милијарди денари или 32,5 милиони евра за реализација на вкупно 66 проекти. Како што истакна премиерот Димитар Ковачевски на потпишувањето на договорите помеѓу министерствата, агенциите и општините, целта на оваа пренамена е да се покаже колку се важни потребите и интересите на граѓаните.

„Вкупно две милијарди денари или 32,5 милиони евра се обезбедени преку пренамена на финансиски средства од буџетите на шест министерства и една агенција, односно од министерствата за здравство, за образование, труд и социјална политика, транспорт и врски, култура и животна средина и просторно планирање и Агенцијата за спорт и млади. Овие пари се наменети за вкупно 66 проекти за 44 општини во државата. Се работи за проекти за реконструкција на улици и локални патишта, изградба и реконструкција на училишта и на градинки, здравствени установи, спортски сали и други проекти кои во најголем дел од државата веќе имаат подготвено документација со којашто може да се отпочне со работа. Со нивната реализација овозможуваме подобра инфраструктура, поквалитетни услуги, подобро образование и здравство, како и можности за повеќе спортски активности и поголема заштита на здравјето на граѓаните“,

рече Ковачевски.

Тој истакна дека дел од проектите се наменети за реконструкција и изградба на училишта и спортски сали во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и Охрид, а парите за овие проекти во износ од 380 милиони денари или над 6,1 милион евра ќе се обезбедат од МОН. Од МТСП се обезбедени 250 милиони денари или над четири милиони евра за проекти за подобрување на изградбата и реконструкција на градинки во општините Ѓорче Петров, Аеродром, Бутел, Карпош и Кисела Вода. Министерството за транспорт и врски ќе пренамени над една милијарда денари, односно 16,2 милиони евра за изградба и реконструкција и асфалтирање на улици, патишта, мостови во општините Битола, Богданци, Боговиње, Гостивар, Дебар, Делчево, Желино, Илинден, Јегуновце, Карпош, Кичево, Кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Пехчево, Пробиштип, Сарај, Скопје, Старо Нагоричане, Теарце, Општина Центар, Чашка и Крива Паланка.

Над 183 милиони денари или три милиони евра од МЖСПП ќе се пренаменат за проекти од животна средина во Валандово, Прилеп, Берово, Чучер Сандево и во Пласница.

Во делот на културата, 30 милиони денари или половина милион евра од Министерството за култура ќе се обезбедат за реализација на проектот за Дом на култура во селото Матејче во Липково.

Преку Агенцијата за спорт и млади ќе се пренаменат 114 милиони денари или скоро два милиони евра за изградба на спортски сали, терени, урбани опреми во Штип, Велес и Ѓорче Петров.

Министерот за финансии Фатмир Бесими кажа дека градоначалниците подготвиле ефикасни проекти, спремни за реализација и информира дека сите овие средства што денеска се потпишуваат ќе се реализираат до крајот на годинава, подготвени се технички во трезорот за да се спроведат пред завршувањето на фискалната година. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

„Србија против насилството“ втора ноќ на протест за поништување на изборите: Ќе го признаевме поразот ако загубевме но, тука имаше кражба

Следно

Kој му нуди? Таравари лицитира со број на министри што би му ги понудиле ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Град Скопје, Стефан Кирков, со своја објава на фејсбук упати неколку прашања до моменталната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска. Кирков праша: „Добар ден градоначалничке? Како

Чаир добива нова канализација и водовод – Меџити на терен

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска ја посети улицата 157 во населба Гази Баба, каде што работите на инфраструктурниот проект се одвиваат со забрзано темпо. Канализацијата за атмосферски води

„Моја Кравица“ ја стартува својата прва национална наградна игра во Македонија

Бимилк со гордост ја претставува својата прва наградна игра за брендот Моја Кравица во Македонија, под слоганот „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“. Наградната игра ќе трае од 15 септември до
Go toTop