Владата потврди- Бујар Османи злоупотребил службени возила на МНР

February 12, 2023
1 min read

По Антикорупциска и Владата потврди дека министерот Бујар Османи злоупотребил службени возила на МНР за изборни и партиски активности. Вицепремиерката за креирање добри политики, Славица Грковска за Алсат потврди дека по испитувањето на заклучоците на Антикорупциската комисија и тие констатирале повреда на Етичкиот кодекс од страна на министерот Бујар Османи.

Сепак, Грковска смета дека со оглед на состојбите во Собранието и неговото блокирање, во моментов не може да се направат итни законски измени за да се спречи злоупотреба од функционерите. Но, нагласува дека нејзиниот кабинет ќе се обиде да преземе мерки и во други форми за да се спречат вакви злоупотреби. Во меѓувреме, од Антикорупциската комисија велат дека нивните иницијативи, за жал државните институции потоа не ги процесираат.

„За жал, неефективно е и постапувањето на самата комисија каде што јас сум член бидејќи тие сознанија што ги потврдуваме во управната постапка мора барем да се потврдат и некој да одговара. Но, кај нас за жал, имаме постојана политичка корупција, дали во вработувањата, дали во именувањата, дали во управувањето со многу области од јавниот сектор, политички диктат и за жал продолжува нереформирањето на системот во целина, особено неуспехот да се реформира системот во делот на управувањето со човечките ресурси, било во однос на вработувањето или во однос на назначувањето и разрешувањето на водечките органи“, рече Нури Бајрами, Член на Антикорупциската комисија.

Бајрами вели дека системот дефинитивно мора да се реформира и приоритет да ѝ се даде на меритократијата, односно напредувањето и именувањето на функции според заслугите, а не според партиската припадност. Инаку, откако Комисијата за спречување на корупцијата утврди дека Бујар Османи злоупотребувал службени возила за партиски и изборни активности, во МНР немало никакви докази како се трошело горивото и како се користеле автомобилите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ веднаш се организираше да помогне за настраданите во Турција и Сирија, ги повикувам институциите и граѓаните да бидеме хумани што е можно повеќе

Следно

Утре е ден на жалост за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.
Go toTop