Влада на Косово: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме критиките

September 13, 2025
1 min read

На „Фејсбук“, Криезиу истакна дека Косово е „најсериозен партнер на САД за стабилност и мир во регионот“. Тој додаде дека Владата, по првпат од прогласувањето на независноста, го исполнила мандатот, придонесувајќи за институционална стабилност и социоекономски развој, и покрај предизвиците како пандемијата, енергетската криза и војната во Украина.

Според Криезиу, постапките на извршната власт секогаш биле законски и уставни, со цел елиминирање на жариштата на дестабилизација и зајакнување на владеењето на правото, особено на северот на Косово. Тој нагласи дека Косово ја деполитизираше интеграцијата на српската заедница, заштитувајќи ги граѓаните од илегалните структури на Србија преку мерки како вработување и верификација на дипломи од Универзитетот во Северна Митровица.

Во однос на критиките кон Уставниот суд, Криезиу рече дека ставот на премиерот во заминување Албин Курти бил јасен, обвинувајќи го Судот за доцнење во одлуките и нарушување на демократскиот карактер на Републиката.

„Ги поздравуваме и критиките. Кога се конкретни, се трудиме максимално да ги подобриме и исправиме нашите чекори и постапки“, напиша Криезиу, изразувајќи благодарност за придонесот на САД за Косово.

Американската амбасада во Приштина вчера соопшти дека го суспендира стратешкиот дијалог со Косово поради загриженост за потезите на владата во заминување, кои ги зголемиле тензиите и нестабилноста, ограничувајќи ја способноста на САД да соработуваат продуктивно со Косово. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Арсенал сигурен против Н.Форест

Следно

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период
Go toTop