Викендов стартува полуфиналето во кошаркарскиот плејоф, Работнички го пречекува Пелистер

April 26, 2024
1 min read

Од сабота стартува полуфиналето во разигрувањето за титулата во македонската кошаркарска лига, а првиот натпревар е на програмата, од 18. часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје меѓу Работнички и Пелистер.

И двете екипи експресно, во само три натпревари, ја завршија работата во четвртфиналето и имаа доволно време за подготовка за оваа серија во која нема изразит фаворит.

Првите два натпревари ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“, третиот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, каде, ако биде потребно, ќе се игра и натпреварот број 4.

Поради обврските на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, првата полуфинална пресметка меѓу бранителот на титулата и ТФТ Моцарт, ќе се игра на 30. април во СЦ „Јане Сандански“.

Полуфиналните серии се играат во три победи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Следно

По крвавиот пир: Таткото на монструмот Коста на суд, вели дека биле грижливо семејство

Latest from Blog

Меџити: Градежните активности во Стар Чаир се доказ за почетокот на нова ера на развој!

Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од редовите на владината коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, ја продолжува работата на терен, покажувајќи ја својата посветеност за развој на општината. Во објава на „Фејсбук“, Меџити истакна

Интензивни активности во Чаир – Меџити гарантира развој и модерни инфраструктурни решенија

Со голема посветеност и интензитет, продолжува изградбата на патните инфраструктури во Чаир. Секој сегмент се реализира според највисоките стандарди за квалитет и современа урбана инфраструктура. Дневно се работи според утврдениот план и

Убиецот на Џон Ленон ја откри вистинската причина зошто го застрелал легендарниот член на „Битлси“

Како што се приближува 45-годишнината од ужасното убиство, во кое иконата на музиката го загуби животот на само 40 години, убиецот Марк Дејвид Чапман сè уште се наоѓа зад решетки. Чапман неодамна

Мицотакис предлага пет правила за зелена транзиција

Фокусирање на ефикасно искористување на ресурсите; зачувување на технолошката неутралност; одново посветување на внатрешниот пазар, како и подобро управување со пазарот, се правилата за зелена транзиција, што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги
Go toTop