(Видео) Верска одмазда или само пресуда: МАЛОЛЕТНИК ВО БРИТАНИЈА ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР

October 23, 2025
2 mins read

Европските држави, особено најголемите и најбогатит кај кои има најголем прилив, легален и илегален, на мигранти се соочуваат со чести насилства од мигрантите кон домицилното население, па и со убиства што предизвика големи протести и демонстрации во тие држави и меѓуетнички и меѓуверски тензии.

Случајот на убиство на малолетник, кој се толкува низ призмата на верска различност, во Британија предизвика големо внимание во јавнсота но и пресуда која без тие тензии би се сметала за одмазничка. Малолетник од 15 години од ислмаска вера е осуден на доживотен затвор.

Британскиот тинејџер Мохамед Умар Кан (15) денес беше осуден на доживотен затвор со минимална казна од 16 години за убиството на неговиот врсник, 15-годишниот Харви Вилгус.

Инцидентот се случил во февруари оваа година, кога Кан го убил Харви пред училишната кафетерија во Шефилд користејќи ловечки нож долг 13 сантиметри, објавува Скај њуз.

Кан го донел ножот во училиштето и во моментот на нападот, двапати го забодел во срцето на Харви.

Кан изјавил пред судот дека решил да носи нож за заштита бидејќи се плашел од други тинејџери за кои верувал дека носат оружје.

Неговиот адвокат, Гул Наваз Хусеин КЦ, ѝ рече на поротата дека обвинетиот „се загубилл“ по години малтретирање и „интензивен период на страв во училиште“.

Од смртта на Харви, неговото семејство води кампања против криминалот со ножеви, со посебен фокус на воведување на лакови од ножеви во училиштата.

За време на изрекувањето на пресудата, судијата нагласи дека постапките на Кан се резултат на неговиот „долгогодишен интерес за оружје“. Исто така, беше истакнато дека ова злосторство имало катастрофални последици за семејството на убиеното момче, чии животи биле „уништени од постапките на Кан“.

За време на изрекувањето на пресудата судијкkата Еленбоген изјавила: „Вие бевте агресорот и… дејствувавте со омраза и гнев поради она што го сметавте за негово предавство на вашето пријателство“.

Кан зеде ловечки нож во училиште и два пати го избоде Харви, 15, во срцето пред шокираните деца во училиштето а снимката од настанот покажува дека жртвата избегнувала конфликт држејќи ги рацете зад гработ и повлекувајќи се пред нападот.

Кан претходно се изјасни за виновен за убиство, додека одбраната тврдеше дека тој бил жртва на долготрајна злоупотреба и дека нападот бил резултат на губење на контролата врз гневот.

Но, агреивните испади на убиецот биле видени и порано.

Пртеходно Кан се обидел да интервенира во расправија во која биле вклучени уште две момчиња и морал да биде совладан од наставник.

Кога едно од нападнатите деца тврдело дека едно од момчињата има нож, бил прогласен карантин и повикана полиција, иако не било пронајдено оружје.

Убиениот Харви не бил на училиште тој ден и отсуствувал до крајот на неделата, пишувајќи му на татко му: „Нема да одам во тоа училиште додека луѓето имаат ножеви“.

Во текот на викендот пред прободувањето, Харви и Кан се скарале на социјалните мрежи, при што секој од нив застанал на страната на различно момче вклучено во инцидентот со карантинот.

Кога Кан се вратил на училиште на 3 февруари, наставникот Дејвис го прашал дали има нешто што не треба да има тој рекол дека нема.

Семејството на Харви Вилгус ја изрази својата огромна тага поради загубата и рече дека нивните животи биле „уништени“. Неговата мајка, Каролина, побара да се инсталираат детектори за метал во сите средни училишта и колеџи за да се намали употребата на оружје кај младите луѓе и да се спречат слични убиства.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Виенски институт: Економскиот раст на Србија оваа година е два проценти, најнизок во Западен Балкан

Следно

Јубилејно 40. издание на „Макфест“ од вечерва во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип

Latest from Blog

НОВА ПЕСНА ОД ТАРА – „ЉУБОВ“: Вулкан од емоции, сведоштво за љубовта и зрелоста на еден автор

Во време кога искреноста ретко ја среќаваме во музиката Александар Тарабунов – Тара ни ја подава својата душа – сурова, чиста, автентична. Со новата песна „Љубов“, овој талентиран изведувач и автор ја

Повеќе од 30 лица се обвинети за нелегално коцкање, меѓу нив и играчи и тренери на НБА

Американските федерални обвинители денес објавија дека поднеле обвиненија во два одделни случаи поврзани со нелегално коцкање против повеќе од 30 лица, вклучувајќи сегашни и поранешни играчи и тренери на НБА. Меѓу уапсените
Go toTop