(ВИДЕО) Вака изгледа куќата во која НАСА ќе симулира живот на Марс

April 13, 2023
1 min read

Четворица волонтери кои ќе живеат таму ќе помогнат во подготовката на идната мисија на Црвената планета. Со мерење на нивните перформанси и когнитивни способности, НАСА подобро ќе ги разбере „ресурсите“ што мора да се обезбедат за време на ова амбициозно патување

Четири мали соби, теретана и многу црвен песок – НАСА откри куќа во која од јуни ќе бидат сместени четири лица повеќе од една година за да симулира живот на Марс.

Живеалиштето наречено Mars Dune Alpha се наоѓа во истражувачки капацитет на американската вселенска агенција во Хјустон, Тексас.

Четворица волонтери кои ќе живеат таму ќе помогнат во подготовката на идната мисија на Црвената планета. Со мерење на нивните перформанси и когнитивни способности, НАСА подобро ќе ги разбере „ресурсите“ што мора да се обезбедат за време на ова амбициозно патување, рече во вторникот Грејс Даглас, програмската менаџерка на CHAPEA што го надгледува експериментот.

„Тоа ќе биде навистина важна информација за донесување клучни одлуки за ресурсите“,

рече таа за време на турнејата на новинарите низ живеалиштето.

Таквата мисија доаѓа со „многу строги масовни ограничувања“, додаде таа.

Што содржи куќата

Волонтерите ќе живеат во куќа од 160 квадратни метри со две бањи, вертикална фарма за зелена салата, соба за медицинска нега, простор за релаксација и неколку работни станици.

Воздушната комора води до „надворешна“ реконструкција на околината на Марс – иако сè уште е внатре во хангарот.

Неколку парчиња опрема што најверојатно ќе ја користат астронаутите се расфрлани низ подот со црвен песок, вклучувајќи метеоролошка станица, уред за правење тули и мала стаклена градина.

Има и лента за трчање каде астронаутите ќе одат обесени на ремени за да ја симулираат помалата гравитација на Црвената планета.

„Не можеме да ги натераме само да одат во круг шест часа. Четворица волонтери ќе ја користат лентата за трчање за да симулираат долги патувања надвор за да собираат примероци, податоци или да изградат инфраструктура“,

рече Сузан Бел, директорка на Лабораторијата за здравје и перформанси на НАСА.

Редовни тестови

Членовите на првиот експериментален тим допрва треба да бидат именувани, но агенцијата соопшти дека изборот „ќе ги следи стандардните критериуми на НАСА за кандидатите за астронаути“.

Научниците редовно ќе ја тестираат реакцијата на екипажот на стресни ситуации, како што се ограничената достапност на вода или дефекти на опремата.

Живеалиштето има уште една посебна карактеристика: беше испечатено со 3Д технологија.

„Тоа е една од технологиите што НАСА ги проучува за потенцијално градење живеалишта на други планетарни или лунарни површини“,

рече Даглас.

НАСА е во рана фаза на подготовка за мисија на Марс, иако најголемиот дел од фокусот на агенцијата е на претстојните мисии Артемис, чија цел е да ги вратат луѓето на Месечината за првпат по половина век.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ни трага, ни глас од Самоил: Продолжен притворот на осомничените за негово киднапирање

Следно

Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници

Latest from Blog

Камион удрил двегодишно дете- родителите подготвувале погреб, кога наеднаш се случило чудо (ФОТО)

Двегодишниот Оливер Стауб, момче за кое лекарите му рекле дека нема да преживее, но кое денес ги движи рацете, нозете и шири љубов кон сите околу него. Неговите родители, Лаура и Стефан,

Мицкоски до Филипче: Во Струмица ли најде да зборуваш за морал, додека во прв ред беше Заев кој ја распродаде Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од вечерашниот митинг одржан во општина Велес, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните

Заработува 70.000 фунти неделно, а страв му е да си купи автомобил или патики!

фото: Liverpool FC (X) Ибрахим Конате, Францускиот стопер на шесткратниот европски шампион, кој моментално заработува 70.000 фунти неделно, откри дека бил „преплашен од трошење на сопствени пари“ кога пристигнал во елитниот фудбал.

Тоневски: Земјоделството е двигател на нашиот локален развој

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, оствари средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, како и со група земјоделци од општината. На состанокот се разговараше за актуелните
Go toTop