(ВИДЕО) Требаше за осум недели, но и по осум месеци од првата лопата нема фабриката за електрични автомобили во Тетово

April 12, 2023
3 mins read

Инвеститорот, германската компанија „Е.го“, чиј локален партнер е „Еколог“, бара изведувачи за фабриката за електрични автомобили, тврди директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони

Не добивме одговор од инвеститорите – зошто доцни инвестицијата?

Германска компанија за шест до осум недели почнува изградба на фабрика за електрични втомобили во Тетово – вети Владата на ланската годишнина од Рамковниот договор.

Фатмир Бесими – министер за финанансии, на промоцијата на инвестицијата

„Дали таа индустрија има перспектива на глобалниот пазар?“ Да! Дали е еколошки одржлив? Да! Дали ќе создаде нова перспектива за младите? Да!“

рече Бесими на 13 август 2022.

Април 2023 година, осум месеци подоцна.

Овде не е фрлена ниту една дополнителна лопата бетон откако на локацијата се сликаа функционерите. Тие во август кажаа дека изградбата ќе почне за 7-8 недели. Не 7-8 недели, туку 8 месеци подоцна градбата не е почната.

Технолошката индустриска развојна зона Тетово
Камен-темелник на „Е.го“ во Технолошката индустриска развојна зона Тетово

Не само што не е фрлена ниту една лопата, туку во Технолошката индустриска развојна зона во Тетово нема ниту знаци дека се подготвува градба на фабриката за автомобили. Зошто?

Тогаш се сликаа, сега препраќаат на други адреси за одговори

Првата адреса до која се обративме беше Министерството за финансии. Оттаму нè упатија одговор да бараме на друго место – во Дирекцијата за слободните зони.

Министерство за финансии

На истото прашање, сличен беше одговорот што го добивме и од Министерството за економија. Последниот став што го добивме од министерот Бектеши на оваа тема е од ноември 2022 година, кога, исто така, прашувавме зошто доцни изградбата на фабриката. Тогаш кажа – се спојувале парцели.

Крешник Бектеши – министер за економија

„Е огромен објект на ‘Е.го‘, каде што требаше да се спојат четири постоечки парцели во зоната во Тетово. Веќе тие процедури се завршени и во рок од една недела ќе се даде дозволата за градба каде што ќе можат да почнат и со градежни активности.“

рече Бектеши на 29 ноември 2022.

Иако министерот уште лани во ноември кажа дека се решени прашањата околу парцелата, прашан минатата недела, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека сè уште се работи на барања во врска со парцелата.

Димитар Ковачевски – премиер на Владата на РСМ

„Фабриката во Тетово ‘Е-го’, којашто потпиша договор за изградба на фабрика во слободната економска зона во Тетово, има одредени барања во делот на парцелата, со оглед на начинот на којшто го организираат производството и затоа правени се урбанистички промени, коишто знам по тоа што се случува и како што сум информиран од надлежните служби.“

рече Ковачевски.

Деспотовски се (само)коригира

Кога во август 2022 година се фрлаа лопати во Тетово, Владата не дозволи новинарски прашања. Па, роковите за почнување на работите ги соопшти директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски, во претстојните денови.

„Фабриката, според најавите што ги имаме, градбата на самиот објект треба да започне во следните 6 до 8 недели. Тоа значи дека многу брзо, на почетокот на есента, ќе го видиме почетокот на градежните работи.“

изјавил Деспотовски на 15 август 2022 година.

Осум месеци подоцна, Деспотовски вели дека не најавил градба.

Јован Деспотовски – директор на Дирекцијата за ТИРЗ

„Да бидам попрецизен, ние тогаш најавивме дека проектот ќе почне со реализација. Не е поврзано непосредно со почеток на градежните работи. Имавме цел сет на подготвителни работи кои следат“.

рече Деспотовски.

Како и да е, единствениот модел на електричниот автомобил што треба да се произведува во Тетово засега е макетата која стои на бирото на Деспотовски. 

Тој потврдува дека имало барања во врска со парцелата, но и дека тие се завршени.

Заради тоа што од иницијалните проекти кои ги добивме од инвеститорот и оние кои стигнаа подоцна, се разликуваа значително, капацитетот е значително проширен и доста посложен од она што го кажуваат инженерите, меѓутоа направени се соодветни прилагодувања на земјиштето во самата зона и тоа од страна на државата е завршено, можам да кажам дека во моментот она што е поврзано со подготовка на инвестицијата и обврските коишто ние ги преземавме, се исполнети“.

вели Деспотовски.

Ако државата исполнила сè, тогаш зошто не се гради? Деспотовски вели дека инвеститорот сега бара градежници.

„Информациите што ги имаме од самиот инвеститор се дека е во завршна фаза на разговори со две домашни компании, односно два конзорциума составени од домашни компании поголеми, во делот на обезбедување на услугите за градба и за наем на објектот. Така што, очекувам во брзо време да заврши и тој дел од процесот и наскоро ќе почне она што вие го споменавте – фактичките градежни работи на терен.“

додаде Деспотовски.

„360 степени“ се обрати до фирмата „Еколог“, која е локалниот партнер на инвеститорот, германската компанија „Е-го“. Не добивме одговор на прашањата – зошто доцни стартот, дали инвестицијата е одложена, кога ќе почне градбата и производството?

Нови информации за фабриката во Тетово нема ниту на веб страницата на „Е-го“. Во еден од написите за новите изведби на малиот градски автомобил само се вели дека е планирана изградба на „микрофабрика“ во Северна Македонија и во Бугарија.

Ве земјава, инвестицијата требаше да изнесува околу 130 милиони евра, од кои државната помош треба да биде 45 милиони евра. Но, не пропуштаат да кажат владините претставници, засега не е исплатен ниту денар и тоа нема да се случи додека не почне производството.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во годината во која Филхармонија треба да се подготвува за чествување на 80 годишен јубилеј не треба својата енергија и време да го троши за да си го зачува својот интегритет и работен простор

Следно

Руска армија: Наш ловец пресретна германски авион над Балтичкото Море

Latest from Blog

Башким Селими нов претседател на Советот на јавни обвинители

Башким Селими е избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители (СЈОРМ), одлучи Советот на денешната седница. Селими досега ја извршуваше функцијата заменик претседател на Советот. За нов заменик претседател беше

Голем удар за Реал: Судијата од мечот со Селта оценет со висока оценка!

ФОТО: Real Madrid C.F./FB Многу критикуваниот судија на Реал Мадрид, Алехандро Гонзалез Кинтеро, доби добра оценка од Шпанската фудбалска судиска комисија (CTA). Шефот на судиите, Фран Сото, лично го пофали за неговите

Забележана црна дамка на Сонцето

Изминатата ноќ на Сонцето е забележана црна дамка предизвикана од експлозија на водород, соопшти Лабораторијата за соларна астрономија при рускиот Институт за вселенски истражувања (ИКИ). Експлозијата се појавила околу полноќ, според московско

Трошка искреност и кај обвинителот на заминување: Коцевски смета дека Анкетна ќе влијае лошо врз правдата и случајот за „Пулс“

Републичкиот јавен обвинител на заминување, Љупчо Коцевски, се надмина себеси и изјави дека смета дека во оваа фаза не треба да има Анкетна комисија во Собранието на Република Македонија за трагедијата во

Еве од каде „50 Cent“ ги добил приватните снимки на Паф Диди: „Кога ги видов реков: ‚О, сра** Вау.‘“

Една од најголемите забелешки што моментално затворениот рапер ги има во врска со документарецот се однесува на дел од снимките, за кои тој тврдеше дека биле „украдени“ од неговиот тим за потребите
Go toTop