Силна снежна бура ја зафати руската област Камчатка, при што снежната покривка на одредени места достигна и до три метри.
Поради екстремните временски услови, сообраќајот е значително отежнат, а дел од патиштата се затворени.
Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на снегот, додека жителите се повикани да избегнуваат непотребни движења и да ги почитуваат безбедносните препораки.
Локалните власти информираат дека засега нема податоци за повредени лица, но состојбата и натаму внимателно се следи.
Извор: tv21


