Screenshot

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски во акција: Скопје се чисти – несовесните ќе бидат казнети

November 9, 2025
1 min read

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се вклучени повеќе од 2.500 граѓани, механизација од Градот Скопје и општествено одговорни компании.

„Сакам да апелирам до нашиот народ да се однесува одговорно кон животната средина. Несовесното одложување на отпад нема да се толерира – ќе биде казнето“, истакна Ѓорѓиевски. Тој додаде дека досега се изречени десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа практика ќе продолжи за секој кој го загрозува здравјето и чистотата на градот.

Градоначалникот ги повика граѓаните заеднички да се вложат во зачувување на чистотата на Скопје и да го одржуваат градот како достоинствен и чист простор за живеење.

 

Видеото може да го погледнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Во Хрватска повеќе нема странски весници: „Ова не постои никаде во Европа“

Следно

Поради сообраќајка затворен патот Струмица – Ново Село

Latest from Blog

Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз- телохранителите ја спасија во последен момент (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во четврток, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влета во пешачката зона пред салата каде што се одржа европската премиера на филмот „Wicked“. За среќа, пејачката не беше повредена. Момент

Дали сте чуле за „лудиот мед“? Велат дека го спушта притисокот, го забрзува пулсот и успива, но сепак – внимавајте!

Во турскиот црноморски регион и во планинските предели на Непал постои мед што има речиси митска репутација – „дели бал“, што буквално значи „луд мед“. Пчелите го произведуваат од цветовите на виолетовиот
Go toTop