(ВИДЕО) Големи поплави во Италија, маж се удави во сопствениот дом

May 19, 2023
1 min read

Од тринаесет мртви, бројот на жртвите се искачи на 14 во петокот, изјави за АФП портпаролот на провинциските власти додавајќи дека е пронајдено телото на маж кој се удавил во својот дом во Фаенца

Бројот на жртвите од поплавите што ја зафатија провинцијата Емилија-Ромања, богата земјоделска и туристичка област на северот на Италија, во петокот се искачи на 14, соопштија локалните власти.

Спасувачите продолжуваат да ги евакуираат луѓето кои поради водата не можат да ги напуштат своите домови, а дождот повторно врне по повеќе од 24 часа прекин.

Во Равена властите утринава прогласија „итна евакуација“ на неколку населби и ги повикаа жителите „да не излегуваат надвор освен ако е апсолутно неопходно“.

Од тринаесет мртви, бројот на жртвите се искачи на 14 во петокот“,

изјави за АФП портпаролот на провинциските власти додавајќи дека е пронајдено телото на маж кој се удавил во својот дом во Фаенца.

Италијанската национална телевизија објави видео од спасувањето на мајка и девојче од поплавата.

Како што објави АФП, преплашени жители чистеле кал од своите куќи и ваделе нечист мебел и апарати за домаќинство.

По бавното повлекување на водата, се чини дека состојбата на други места се стабилизира. Жителите и патната служба чистат куќи, продавници и улици од кал и шут, а патиштата кои беа под вода и делумно оштетени се повторно отворени.

„Ова е уште еден земјотрес. Ќе обновиме сè. Но, штетите на нивите и зеленчуковите градини се 100%. Имавме суша, мраз, а сега катастрофална поплава. Што се однесува до туризмот, (јадранскиот) брег за среќа не претрпе толку многу“,

изјави претседателот на провинцијата Стефано Боначини за телевизијата во петокот.

На дневен ред на седницата во вторник Владата ќе стави „мораториум за плаќање даноци и давачки“ за компаниите погодени од невремето во Емилија-Ромања.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прв пат по 2010 година ЛШ финалето ќе биде без француски фудбалер

Следно

Мбапе ќе биде главна цел на „кралевите“ во 2024 година

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop