(ВИДЕО+ФОТО) Синот на Џафери и останатите нови обвинители се заколнаа дека ќе работат совесно и непристрасно

May 30, 2023
2 mins read

Со заклетвите денеска, основните обвинителства во земјава ќе добијат 18 нови обвинители. Нив Советот ги избра на седница на 23 мај откако претходно распиша огласи со цел да се примаат сите 28 обвинители од последната генерација на Академијата.Меѓутоа, 10 од нив не се пријавија и ќе чекаат втора шанса на нови огласи што ќе ги распише Советот

Изјавувам и се колнам дека во вршење на функцијата јавен обвинител ќе го почитувам Уставот на Република Северна Македонија, законите и меѓународните договори ратификувана согласно Уставот, дека функцијата ќе ја вршам совесно, непристрасно и одговорно и дека ќе ги заштитувам слободите и правата на човекот и граѓанинот и интересите на другите правни субјекти.

Ваквата заклетва утрово, облечени во тога, во Советот на јавни обвинители дадоа 10 нови обвинители од последната генерација што ја заврши Академијата за судии и јавни обвинители.

Барлет Џафери (во средина) и Албулена Абази (десно)

Меѓу нив беше и Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој беше во фокусот на јавноста откако Државната комисија за спречување корупција обелодени дека тој е еден од многуте студенти кој своевремено полагал правосуден испит пред да дипломира. Веднаш до него седеше и нрговата колешка Албулена Абази која е сопруга на шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази.

Џафери ќе биде обвините во Гостивар, Абази во Кичево.

Претседателот на Советот, Антонио Јолевски, пред кого се заколнаа, им посака среќа иним рече да ги слушаат и да учат од постарите колеги во обвинителствата каде што ќе работат, а им кажа и дека тие може да ги научат нешто постарите колегите особено во областа на меѓународните ратификувани договори и спроведување на пресудите од Стразбур.

Ова беше и нивна прва средба како обвинители со медиумите, па кога новинарите побараа некој од нив да даде изјава, првично никој не се „охрабри”. По првичниот грч, двајца од нив застанаа пред камерите.

Александра Станковска

Александра Станковска е нова обвинителка во ОЈО Велес, рече дека се одлучила за професијата бидејќи ја сака кривичната материја и затоа што јавните обвинители се штитеници на јавниот интерес и се први кои се повикани да го гонат криминалот.

Емрах Михтароски

Нејзиниот колега Емрах Михтароски, пак, е нов обвинител во ОЈО Кичево и рече дека мотивот му е да придонесе во унапредување на состојбите во обвинителството и, како и неговата колешка од Велес, да придонесе за враќање на довербата во правосудството.

По првата, заклетва даде и втората група со што основните обвинителства во земјава од денеска и формално имаат 18 нови обвинители.

Тие се распоредени во:

  • ОЈО Битола: Борче Коруновски и Марија Чурлиновска;
  • ОЈО Велес: Александра Станковска;
  • ОЈО Гостивар: Илир Јакупи, Барлет Џафери и Александра Димоска;
  • ОЈО Дебар: Анита Граждани Пачуку;
  • ОЈО Делчево: Сузана Бошнаковска;
  • ОЈО Кичево: Албулена Абази и Емрах Михтароски;
  • ОЈО Куманово: Самир Акифи;
  • ОЈО Охрид: Кристина Илиеска Атанасова;
  • ОЈО Прилеп: Стевчо Биновски;
  • ОЈО Свети Николе: Дарко Цветановски;
  • ОЈО Струга: Ермира Муса-Нура;
  • ОЈО Тетово: Илир Абдурахмани, Нина Димитриеска и Јетмир Беџети.

Новите обвинители Советот ги избра на седница на 23 мај откако претходно распиша огласи со цел да се примаат сите 28 обвинители од последната генерација на Академијата. Меѓутоа, 10 од нив не се пријавија и ќе чекаат втора шанса на нови огласи што ќе ги распише Советот.

Со новите обвинители, Академијата ја завршија и 30 кандидати за судии за кои Судскиот совет исто така распиша оглас.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обврзница на европските народи за обнова на Украина

Следно

Австрија: Три лица загинаа во пожар во болница

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop