(ВИДЕО) Ескалиција на тензиите во општина Звечан: КФОР употреби солзавец за разбивање на демонстрантите кои возвратија со камења и шишиња

3 mins read

Припадниците на КФОР беа распоредени пред општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Внатре во зградите има припадници на косовоската полицијата, пренесува РТС. Претставниците на Српска, најголемата политичка партија на Србите на северот на Косово која ја има поддршката на официјален Белград, Игор Симиќ и Драгиша Миловиќ претходно денеска  разговарале со американскиот полковник на КФОР и доставиле две барања: новите градоначалници Албанци да не влегуваат во општинските згради и специјалните единици на косовската полиција веднаш да се повлечат. Го чекаат одговорот на КФОР

Според Н1 ситуацијата сега е донекаде смирена, но повремено, како што јавува, се фрлаат камења и шок бомби, но во помали размери. Срспките медиуми јавуваат за повеќе повредени лица од двете страни

Пред општина Звечан на северот на Косово попалднево дојде до ескалација на ситуацијата откако насобраните граѓани се обиделе да влезат во општинската зграда, јавуваат попладево српските медиуми. Силите на КФОР кои утрово во полна опрема беа распоредени на местото интервенирале со одвраќање на насобраните, употребувајќи солзавец, а како што пренесува спрскиот национален радиодифузер – РТС, бил употребени и шок бомби.  

Момент од денешните тензии пред општина Звечан/Фото: КоССев

По ова уследила реакција на толпата, која почнала да фрла со камења, стаклени шишиња и други предмети кои им дошле при раце.  

Припадниците на КФОР беа распоредени пред општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Внатре во зградите има припадници на косовската полицијата, пренесува РТС. Србите на северот на Косово протестираат во обид да ги спречан новите градоначалници на општините да ги преземат функциите по вонредните локални избори што се одржаа на 23 април, а кои беа бојкотирани од српското мнозинско население.  

Силите на КФОР ја спровеле акцијата во обид да преместат две оклопни полициски возила со специјалци кои биле опколени од насобраните граѓани.  

Како што јавува српската национална телевизија во настаните наводно има повредени лица, а конфликтот се прелева и во другите делови на градот.  

Распоредените сили на КФОР, како што пренесува регоналниот сервис на Радио Слободна Европа, претходно ги предипредиле демонстрантите во Звечан, кои денеска претпладне повторно излегоа пред општинската зграда, да се повлечат, но нивните апелии не биле прифатени.  

Претставниците на Српска, најголемата политичка партија на Србите на северот на Косово која ја има поддршката на официјален Белград, Игор Симиќ и Драгиша Миловиќ претходно денеска  разговарале со американскиот полковник на КФОР и доставиле две барања: новите градоначалници Албанци да не влегуваат во општинските згради и специјалните единици на косовската полиција веднаш да се повлечат. Во моментов го чекаат одговорот на КФОР. 

„Покажа разбирање, разбира зошто луѓето се тука. Не сакавме да зборуваме за ситници, испративме јасна порака дека сржта на проблемот е незаконското присуство во општинската зграда, нема причина да губиме време зборувајќи за возила.Бараме тие што се нелегално влезени да ја напуштат зградата и после тоа зградата ќе биде обезбедена од КФОР и потоа ќе се заминеме. Сега чекаме одговор, разговараат со претпоставените “,

изјави Симиќ. 

Граѓаните кои се судрија со КФОР, по интервенцијата се повлекле до такси станицата во Звечан, каде како што јавува Н1 има најмалку едно возило на Итна помош. Има најмалку една брза помош. 

 Од правец на Звечан кон Косовска Митровица досега под ротациски светла пристигнале најмалку три медеициски возила, а од Митровица кон Звечан тргнале неколку амбулатни возила.  

Според Н1 ситуацијата сега е донекаде смирена, но повремено, како што јавува, се фрлаат камења и шок бомби, но во помали размери.  

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска упати критики, кон, како што рече, партнерите од Европската Унија и од КФОР, во врска со нивната реакција на северот на Косово. Таа изјавата ја даде пред тензиите кои се случија попладнево пред општинската зграда во Звечан.

Тензична беше атмосферата и во петокот. По обидите на граѓаните од северот од Косово да ја спречат полицијата да влезе во општинските простории во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, дојде до судири, во кои полицијата употреби солзавец и шок-бомби. 

Неколку Срби беа повредени, а косовската полиција влезе во општинските згради и во нив внесе градоначалници Албанци. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја подигна борбената готовност на Армијата. 

Меѓународната заедница ја повика владата на Косово да се откаже од одлуките и да не се обидува „насилно да влезе“ во општинските згради, додека Приштина го бранеше ставот новите градоначалници да одат во нивните канцеларии. 

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера го повика Косово да не презема „еднострани и дестабилизирачки чекори“ на северот на Косово. 

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

(ВИДЕО) Пендаровски одлучи да ги потпише указите за законите за коридорите 8 и 10-д

Следно

Над 50 повредени во нередите во Звечан, едно лице со прострелна рана е во животна опасност 

Latest from Blog