Видео: Диди во затвор

November 25, 2025
1 min read

– Погледнете како изгледа по повеќе од една година затвор.

Во јавноста се појави видео од Шон Диди Комбс или популарниот Пи Диди од затворот Форт Дикс во државата Њу Џерси, на кое се гледа како тој го поминува денот во затворската библиотека.

Видеото првично го објави американскиот портал TMZ. На видеото, Комбс, облечен во затворска униформа, лежерно разговара со други затвореници и ги извршува своите секојдневни обврски.

Контроверзниот Диди инаку беше уапсен во септември 2024 година по низа сериозни обвиненија, вклучувајќи рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и прекршоци поврзани со проституција. Судењето започна во мај оваа година, а во јули беше прогласен за виновен за транспорт на лица со цел проституција, додека беше ослободен од најсериозните обвиненија.

Во октомври Диди беше осуден на четири години и два месеци затвор и парична казна од 500.000 долари. Казната, исто така, вклучува обврска за учество во програми за ментално здравје и лекување од зависност.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Завршена изградбата на три нови игралишта на 629 м² во Битола

Следно

Костовски: Бутел го менува изгледот на училиштата, нова и енергетско ефикасна фасада за „Петар Здравковски – Пенко“ (ФОТО)

Latest from Blog

Костовски: Бутел го менува изгледот на училиштата, нова и енергетско ефикасна фасада за „Петар Здравковски – Пенко“ (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со директорката на училиштето, Мевлиде Елези Круези, одблиску ги следеа активностите за поставување на новата енергетски ефикасна фасада во Основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“

Завршена изградбата на три нови игралишта на 629 м² во Битола

Во битолската месност Областа, на улицата „Нико Фундали“, завршена е изградбата на три нови современи игралишта на вкупна површина од 629,27 квадратни метри. Новиот спортско-рекреативен комплекс опфаќа детско игралиште, мало кошаркарско и

ПОЧНА ЛЕКУВАЊЕТО РАК СО РУСКАТА ВАКЦИНА, првиот пациент од Србија е веќе подготвен

Првиот пациент со малиген меланом од Србија веќе е во Москва за да ја прими новоодобрената вакцина против рак со mRNA. Професорот д-р Владимир Јаковљевиќ од Факултетот за медицински науки од Крагуевац,
Go toTop