ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

October 17, 2026
1 min read

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува во ВЕРО Центар.

Во периодот од 10 до 16 часот, посетителите ќе имаат можност да бидат дел од тридневна програма посветена на домашните вкусови, традиционалните производи, рачната изработка и зачувувањето на културното наследство.

Посебен дел од програмата е посветен на меѓугенерациското дружење и пренесувањето на знаењата и вештините кои со децении се негуваат во нашите семејства. Корисниците на Дневниот престој за стари лица за активно стареење при Црвен крст на град Скопје ќе реализираат креативна работилница за изработка на предмети од глина и плетење.

Преку непосредна дружба со најмладите посетители на ВЕРО Центар, повозрасните учесници ќе ги споделат своите вештини, знаења и животни искуства и ќе им покажат дел од традиционалните техники кои со генерации биле дел од македонското секојдневие. На овој начин, „Домашно со љубов“ добива и посебна социјална димензија, создавајќи простор во кој различни генерации се поврзуваат преку креативноста, традицијата и заедништвото.

Во рамките на манифестацијата ќе биде организиран и базар со рачни изработки и домашни производи, а посетителите ќе имаат можност и да уживаат во дегустација на храна и различни домашни вкусови. На овој начин, настанот ќе понуди целосно доживување на традицијата, преку производите, ракотворбите, мирисите и вкусовите кои нè потсетуваат на домашната трпеза и семејните обичаи.

Кон настанот ќе се приклучат и повеќе познати компании и брендови, меѓу кои Жито Лукс, Мамас, Подравка, Алкалоид, Виталиа, Монтенегро и Бучен Козјак, кои со своето учество ќе ја збогатат понудата и програмата на манифестацијата.

„Со „Домашно со љубов“ сакаме ВЕРО Центар да биде место каде традицијата не само што се памети, туку и се доживува и споделува. Домашните вкусови, рачните изработки и знаењата на повозрасните генерации се важен дел од нашето наследство. Особено ни е драго што преку овој настан создаваме простор тие вредности да им се пренесат и на најмладите“, велат од ВЕРО Центар.

Манифестацијата е отворена за сите посетители, а ВЕРО Центар ги поканува граѓаните денес и утре, 17 и 18 октомври, од 10 до 16 часот, да уживаат во домашните вкусови, дегустациите, креативноста и дружењето.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Latest from Blog

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено
Go toTop