ВЕЛЕС ПО 18 ГОДИНИ ЌЕ ДОБИЕ КИНО, „КИНОВЕРЗУМ“ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ПОБЕДИ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

January 11, 2023
1 min read

Светиниколското 3-Д кино „Киноверзум“ е избрано како киноприкажувач, кое ќе работи со киното во Велес. Изборот е направен по јавен повик кој го распиша Општина Велес за користење на реновираната сала „Бели мугри“ и опремата која е набавена со општински пари.

Претходно, киноприкажувачка дејност во Велес вршеше киното „11 Октомври“ кое работеше до август 2005. И исто толку време градот е без организирана киноприкажувачка дејност. Во втората декада на овој милениум, нови македонски филмови и ревија на филмови од некои европски продукции се прикажуваа во салата на новиот Велешки театар.

„По завршената постапка за избор на киноприкажувач во Велес e избран ‘Киноверзум’. Закупот на техниката и на салата е на три години, а месечната закупнина ќе изнесува 30.707 денари без ДДВ“, соопштија од локалната власт.

Киното се наоѓа во салата „Бели мугри“ која беше обновена и опремена со нова опрема, инвестиција од Општината вредна 76 илјади евра. Таа се отвори со прикажување на само еден филм, македонскиот „Стела“ на 10 октомври 2020. Оттогаш немаше ниту една проекција.

Од „3Д Киноверзuм“ од Свети Николе најавуваат дека наскоро ќе започнат и со емитување на редовна филмска кинопрограма, откако ќе ги завршат правните постапки. За велешани конечно ќе се прикажуваат филмовите од најновата светска филмска продукција.

„Доколку сè оди според плановите, ‘Киноверзум’ во Велес ќе биде отворен до крајот на јануари. Не можеме да потврдиме точен датум во моментов, но секако ќе биде многу бргу по завршување на административните работи за отворање на подружницата. Најновите филмски хитови ќе имаат своја премиера во Велес во истиот ден кога ќе бидат прикажувани во најголемите светски метрополи. Секој четврток ќе носиме нови филмови во ‘Киноверзум’ во Велес“ , ни рекоа од „Киноверзум“.

Од таму велат дека е можно филмот со кој ќе почнат да работат во Велес да биде „Аватар: Патот на водата“ поради спектакуларните визуелни ефекти.

П. ПЕЧКОВ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гатузо за Анчелоти: Имавме проблеми, но го почитувам како тренер и како личност

Следно

Кино утро: Шест наслови наменети за мали и големи деца од утре во Кинотека

Latest from Blog

„И Здравје и Работа“: Европа ги забрзува постапките за критични минерали, Македонија треба да го искористи потенцијалот на Иловица

Од иницијативата повикуваат јавната дебата за рударството да се темели на факти, стручност и одговорно разгледување на економските можности и еколошките стандарди. Европската Унија ги интензивира напорите за обезбедување критични минерални суровини,

Папата по операцијата на рак на белите дробови: Се чувствувам поблизок до оние што страдаат

Седумдесет и едногодишниот поглавар ја предводеше неделната молитва „Ангел Господов“ од балконот на Апостолската палата – истото место од каде што, една недела претходно, објави дека ќе мора да биде опериран. Илјадници

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот
Go toTop