Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, в сабота, на 20 септември со почеток во 17:00 часот, ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.
По Вечерната, ќе следува Литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица околу централното градско подрачје.
Од Скопската епархија на МПЦ-ОА ги покануваат сите верници да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.
Извор: kurir.mk