Вархеји: Посветеноста за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е храбар чекор кон ЕУ

March 19, 2023
1 min read

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, смета дека посветеноста на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина покажува храброст и решителност на патот кон Европската Унија.

Вархеји на твитер им честиташе на Белград и Приштина по завршувањето на вчерашниот дијалог во Охрид под покровителство на ЕУ.

Тој напиша дека „ЕУ е подготвена да ги поддржи двете страни во процесот на имплементација“.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, синоќа во Охрид, по средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, изјави дека двете страни постигнале договор за имплементацискиот анекс на Договорот за патот кон нормализација на односите.

„Конечно, по 12 часа, имаме договор како да го имплементираме договорот што Србија и Косово го постигнаа на 27 февруари во Брисел“,

изјави Борел во Охрид.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува мисијата „ЕВРО 2024“- Вечерва собир на репрезентацијата пред мечот со Малта

Следно

Хил: Србија ја прифати европската иднина и јасен план како да стигне таму

Latest from Blog

УБАВИНА БЕЗ ФИЛТЕР: Зошто природниот изглед се враќа, по години перфекционизам

Уморни сме од совршенството што не постои – и конечно ја избираме автентичноста пред илузијата. Со години гледаме лица без пори, тела без несовршености и животи без грешки. Филтрите станаа вообичаени, а

Муцунски: Делегацијата во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за развивање на домашната економија

Министерот за надворешна работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва истакна дека македонската владина делегација на Светскиот економски форум во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за
Go toTop