Варди потпиша во „пет за 12“: Беше пречекан како еден од најголемите римски императори (ВИДЕО)

September 2, 2025
1 min read
Фото: Кремонезе

Апсолутната легенда на англискиот фудбал, Џејми Варди се одлучи за возбудлива авантура во Италија, па стави потпис за Кремонезе на договор од една сезона, со можност за продолжување уште една.

38-годишникот минатата сезона ги напушти „лисиците“ откако постигна 200 голови на 500 натпревари за клубот, а беше и дел од тимот што ја освои Премиер-лигата и ФА купот.

Во последната сезона, Варди даде 10 голови на 36 натпревари во сите натпреварувања во вториот ранг на англискиот фудбал.

Феенорд се обидуваше да ја доведе напаѓачката легенда, но тој реши да замине во Серија А и ќе биде само еден во низата фудбалски ветерани кои пристигнаа во Италија, по Модриќ, Џеко, Де Брујне…

Кремонезе силно ја започна оваа сезона во Серија А, совладувајќи ги Милан и Сасуоло во првите две кола, а Варди ќе го гледаме во дресот на овој тим дури по репрезентативната пауза.

Со англиската репрезентација, 38-годишниот напаѓач одигра 26 натпревари и постигна 7 голови на ЕП 2016, СП 2018 (коешто заврши со четврто место) и квалификациите за двата турнира.

Навивачите на Кремонезе со воодушевување го дочекаа Варди при потпишувањето за новиот клуб. Иако пристигна дури околу полноќ, тоа не ги спречи група навивачи да му приредат дочек во стилот на најголемите римски императори.

Ќе биде навистина спектакл да се гледаат „маторците“ со неверојатни кариери како трчаат по италијанските терени во текот на следната сезона. Иако се во позни играчки години, сите тие се светска класа и можат да бидат пресуден фактор за тимовите за кои потпишаа.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Јужна Кореја: Околу 2000 севернокорејски војници загинаа во Русија

Следно

Невреме во Хрватска! Автомобили заглавени во пороен дожд, луѓето не можат да ги напуштат своите домови

Latest from Blog

ВИДЕО: Во Братислава приведен познатиот криминалец Неџати Арабачи и неговиот пријател

Денеска во Братислава е уапсен Неџати „Неко“ Арабачи и неговиот пријател или соработник, пренесува ТВ21. Тие биле приведени во хотелот „Кемпински“ во Братислава, додека седеле таму. Засега, оваа информација не е потврдена

ДИК: Доставени 69 иницијативи за градоначалници на општините и за градоначалник на Град Скопје

До вчера на полноќ до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје

Коњановски ги повика граѓаните да предложат идеи за подобра Битола

Градоначалникот Тони Коњановски денес го посети штандот „Предложи идеја“, каде граѓаните имаа можност директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобрување на општината. „Секој глас е важен, секоја идеја може
Go toTop