Условна казна затвор и депортирање доби германски државјанин за ширење омраза на натпреварот Шкендија–Карабах

August 8, 2025
1 min read

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“  од член 319 од Кривичниот законик.

Пријавениот на 05.08.2025, непосредно пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабах“, со истакнување и веење на знаме на „Голема Албанија“ и со натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност. Полициски службеници го лишиле од слобода додека Основниот кривичен суд Скопје веднаш изрече пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и го осуди на условна казна затвор од две години и донесе одлука да го протера и да му забрани влез во државава во следните пет години.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Фајнанс тинк“: Цените на храната веќе не ја подгреваат инфлацијата

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: 20% зголемени плати во јавните установи за социјална заштита, Владата работи посветено за секого

Latest from Blog

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и

Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“

Заврши состанокот на Зеленски со европските лидери – Макрон: Европа има многу „карти во своите раце“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја заврши билатералната средба со британскиот премиер Кир Стармер и ја напушти канцеларијата на британскиот премиер. Украинскиот претседател сега патува за Брисел, каде што ќе се сретне со

Магла на Ѓавато и Пресека, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека. -На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури
Go toTop