Украина тврди дека соборила руски бомбардер „Ту-22М3“

April 19, 2024
1 min read

КИЕВ (АА) – Командата на украинските воздухопловни сили соопшти дека собориле руски бомбардер „Ту-22М3“, известува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека руската армија во текот на ноќта ја нападнала територијата на Украина со 22 типа ракети и 14 беспилотни летала од типот „Шахед“.

Наведено е дека украинските сили уништиле две крстосувачки ракети Х-101/Х-555, 14 беспилотни летала, 11 наведувани ракети Х-59/Х-69 и две крстосувачки ракети од типот Х-22.

„Ракетните единици за противвоздушна одбрана на Военото воздухопловство, во соработка со Главната управа за разузнавачки работи на Министерството за одбрана на Украина, првпат соборија стратегиски бомбардер со долг дострел од типот Ту-22М3, носач на крстосувачки ракети Кх-22, кои руските терористи ги користеа за да ги нападнат мирните украински градови“, пишува во соопштението.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воен бомбардер од типот „Ту-22М3“ се урнал во Ставрополската Област поради техничка неисправност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Годишнина од потпишувањето на Бриселскиот договор – 11 години без ЗСО

Следно

Избрани сите 12 поротници за судењето на Трамп

Latest from Blog

Малер пред дербито со Ливерпул: Арсенал останува без Одегард и Сака

По вечерашната убедлива победа над Лидс Ј. со 5:0, менаџерот на Арсенал, Микаел Артета, остана загрижен поради повредите на двајца свои првотимци. Имено, Мартин Одегард го напушти мечот уште во првото полувреме

Сиљановска Давкова се сретна со делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во резиденцијата во Охрид примила делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата. -Дружењето со господарите на зборот, нивното височество поетите покрај брегот на бисерното Охридско Езеро

Скандал го тресе холандскиот двор: Идната кралица во порно видео, реагира и ФБИ

Експлицитното видео со злоупотреба на нејзиниот лик, создадено со помош на вештачка интелигенција, се појави на интернет. Иако никогаш немало сомнение дека станува збор за лажна снимка, самата снимка предизвика големи главоболки
Go toTop