Украина му одговори на Путин за божиќното примирје: Чувај си го лицемерието за себе

January 5, 2023
1 min read

Советникот на Зеленски вели дека Русија е таа која окупира туѓи територии и примирје ќе има, како што вели, кога окупаторската војска ќе ја напушти Украина. За апелот на рускиот патријарх Кирил, пак, вели дека е цинична замка и потсетува дека токму руската црква поттикнуваше масовни убиства и повикуваше на милитаризација

Рускиот претседател Владимир Путин и рускиот патријарх Кирил / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / KREMLIN

Украинската страна ја нарече лицемерна наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за прекин на огнот за време на Бадник и Божиќ.

Советникот на претседателот Володомир Зеленски, Михаило Подољак, порача дека примирје ќе има само тогаш кога руските сили ќе ги напуштат окупираните територии.

„Прво. Украина не напаѓа туѓа територија и не убива цивили како што прави Руската Федерација. Украина на своја територија уништува само припадници на окупаторската војска. Второ. Руската Федерација мора да ги напушти окупираните територии. Само тогаш ќе има ’привремено примирје‘. Чувајте го лицемерието за себе“,

напиша Подољак на Твитер.

Претходно, Кремљ објави дека Путин наредил 36 часовен прекин на огнот поради празнувањето на Бадник и Божиќ, кој би започнал утре (6 јануари) на пладне и ќе трае и на првиот ден од Божиќ односно до 7 јануари до полноќ.

Кремљ во соопштението наведе дека Путин издал таква наредба имајќи го предвид апелот на московскиот патријарх Кирил кој на такво нешто повика претходно во текот на денот.

Подољак претходно на Твитер го искоментира и апелот на патријархот Кирил потсетувајќи дека токму Руската православна црква (РПЦ) на чело со него ја поддржа војната на Путин во Украина и повика на милитаризација.

„РПЦ не е авторитет на глобалното православие и таа делува како ’воен пропагандист‘. РПЦ повика на геноцид вр Украинците, поттикна масовни убиства и инсистираше на уште поголема милитаризација на Руската федерација. Оттука, изјавата од РПЦ за ’божиќно примирје‘ е цинична замка и уште дел од пропагандата“,

наведе Подољак.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре во 11 часот празничен концерт на плоштадот „Македонија“, по што Бадниковите поворки ќе се упатат кон Соборниот храм

Следно

Путин нареди прекин на огнот на 6 и 7 јануари

Latest from Blog

ЛШ: Сити ја продлабочи кризата на Реал, Арсенал не знае за пораз, ПСЖ остана без муниција (ВИДЕО)

ВО големата пресметка и дербито на колото во Лигата на шампионите, Манчестер Сити славеше во мадрид против реал со 1.2 и ја продлабочи кризата кај „кралевите“. Иако почнаа добро и поведоа со

Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела. „Тукушто запленивме танкер крај брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот што

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија
Go toTop