Украина и ОН бараат продолжување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа

March 8, 2023
1 min read

Договорот кој беше посредуван од Обединетите нации и Турција во јули минатата година, а кој беше продолжен во ноември, ќе биде обновен на 18 март доколку ниту една од страните не се спротивстави. Високата претставничка на ОН, Ребека Гринспен следната недела, според најавите, ќе се сретне со високи руски претставници во Женева, а цел на разговорите ќе биде продолжувањето на договорот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повикаа на продолжување на договорот со Москва кој ѝ дозволува на Украина да извезува жито преку пристаништата на Црното Море за време на руската инвазија.

По средбата со Гутереш во Киев, Зеленски изјави дека договорот за извоз на жито е неопходен за светот, а шефот на ОН ја подвлече неговата важност за глобалната безбедност на храната и нејзините цени.

„Сакам да ја подвлечам критичната важност од започнувањето на Црноморската иницијатива за жито на 18 март, како и создавањето услови кои ќе овозможат најголема можна употреба на извозната инфраструктура преку Црното Море во согласност со целите на иницијативата“,

им порача Гутереш на новинарите во Киев по средбата со украинскиот претседател.

Договорот кој беше посредуван од Обединетите нации и Турција во јули минатата година, а кој беше продолжен во ноември, ќе биде обновен на 18 март доколку ниту една од страните не се спротивстави.

Русија сигнализираше дека мора да се отстранат пречките за нејзиниот земјоделски извоз пред да дозволи продолжување на договорот. Рускиот извоз на храна и ѓубрива не подлежи на санкции, но Москва вели дека ограничувањата на нејзините плаќања, логистиката и осигурителната индустрија се главна пречка за постигнување договор.

Со цел Русија да се убеди и да дозволи нејзиниот сосед да продолжи да извезува жито од Црното Море, минатата година беше склучен тригодишен договор во кој ОН се согласија да помогнат во олеснувањето на извозот на руска храна и ѓубрива.

Според најавите на Обединетите нации, високата претставничка на ОН, Ребека Гринспен следната недела ќе се сретне со високи руски претставници во Женева, а цел на разговорите ќе биде продолжувањето на договорот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За градоначалникот на Бутел Костовски НЕМА ПАУЗА, продолжува со градежната офанзива во Луботен (ФОТО)

Следно

Турција: Се урна зграда оштетена во минатомесечните земјотреси

Latest from Blog

Ким Кардашијан има 50 елки во вилата: „Изгледа како магацин“

45-годишната ријалити ѕвезда сподели видео од импресивната глетка на својот Инстаграм. Огромните елки, покриени со вештачки снег и украсени со илјадници бели светла, го исполнија пространиот влез и дневната соба. „Ова е

Ристовски за МИА: Создаваме европски стандарди во спортот, а не привремени резултати

Министерството за спорт не може да креира успеси во спортот. Успесите ги креираат федерациите, клубовите, тренерите. Ние сме тука да направиме услови што е можно подобри за тие луѓе да можат да

7 ретки особини на личноста поради кои луѓето потајно се заљубуваат во вас

Постојат луѓе кои имаат некаква тивка, речиси незабележлива привлечност. Тие не се најгласни во просторијата. Не се наметнуваат. Немаат потреба по секоја цена да остават впечаток. И сепак, нешто кај нив ги

Наполи во војна со Милан: Алегри го нарекол менаџерот на Наполи – „кретен“

фото: Nicolò Schira @NicoSchira (X) Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, го навредил менаџерот на Наполи, Габриеле Оријали, за време на полуфиналето од Суперкупот на Италија (0:2). Инцидентот се случил за време на

Коњановски: Најголемиот зимски фестивал во државата повторно во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес одржа прес конференција на која ја најави програмата на „Зимска приказна“. Го пренесуваме интегралниот текст од денешната прес конференција: „Сакам да ја најавам програмата за
Go toTop