Од скопската Зоолошка градина информираат дека утрово угинал европски бизон кој имаше 17 години.
Животниот век на овие животни е од 14 до 20 години.
Овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина. Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на нашиот тим ветеринари и неговите негуватели. Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија одредена според антибиограм и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме, велат од ЗОО Скопје.
Извор: vecer.mk