Ученик со нож прободел ученичка во средно училиште во Словенија

January 9, 2026
1 min read

Во Средното
медицинско училиште во Мурска Собота, во Словенија, еден ученик со нож прободел
ученичка од истото училиште. Напаѓачот е уапсен, а ученичката се здобила со
полесни повреди, соопшти полицијата.

Директорката
на Средното медицинско училиште во Мурска Собота, Златка Лебар, за N1 Словенија
потврди дека во училиштето се случил напад со нож.

Според
досега познатите информации, ученикот нападнал една од ученичките во училишниот
ходник и ја повредил.

„Во моментов
сè уште го решаваме случајот, истрагата е во тек и сè уште не е завршена.
Ученикот ја повредил ученичката во еден од ходниците“, изјави Лебар, додавајќи
дека не може да даде повеќе информации, но дека ситуацијата е под контрола.

На прашањето
дали ученикот го донел ножот со кој ја повредил ученичката во училиштето,
директорката одговори дека не знае.

Наставата во
училиштето денеска е откажана, а според зборовите на директорката, учениците
веќе се испратени дома.

Според
пишувањето на порталот „Соботаинфо“, ученичката е повредена по лицето и грбот,
а напаѓачот го напуштил училишниот простор со нож и се упатил кон Домот за
стари лица Ракичан.

Полициската
управа Мурска Собота соопшти дека во 9:40 часот била известена дека „странец со
нож напаѓа минувачи кај едно од средните училишта“. На местото на настанот биле
испратени и полиција и криминалисти.

Полицијата
го уапсила осомничениот во таа област нешто пред 10 часот.

„На местото
има повеќе полицајци и криминалисти, кои го обезбедија местото на настанот и
собираат информации, како и ја обезбедуваат безбедноста“, додаде Полициската
управа Мурска Собота.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алегри: Ова е лекција за зрелост што треба да ја научиме

Следно

Празнична магија во Битола: Коњановски на концертот на народни и црковни песни

Latest from Blog

Преку морничава пресметка е предвиден „точниот датум на крајот на светот“- би требало да се случи наскоро

Постојат безброј предвидувања за крајот на светот – едно од најраните е забележано пред речиси 4.800 години, кога еден писател од античка Асирија се пожалил на падот на моралните вредности кај помладата

Меџити од Долна Баница: Време е за конкретни дела, не за зборови

Вечерва во Долна Баница се почувствува силна поддршка од граѓаните за кандидатурата на Невзат Бејта. Без големи зборови и политички театри, жителите изразија јасна и цврста убеденост дека општината има потреба од
Go toTop