Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека американските сили и Вооружените сили на Нигерија извеле заедничка операција во која е убиен, како што наведе, второрангираниот во глобалната структура на Исламската држава, Абу-Билал ел-Минуки.
„Мислеше дека може да се сокрие во Африка, но не ни насетуваше дека имаме извори кои нè известуваа за тоа што го прави“, наведе Трамп на платформата „Truth Social“.
Тој рече дека операцијата била „внимателно испланирана и многу сложена“, додавајќи дека Ел-Минуки „повеќе нема да го тероризира народот на Африка, ниту пак ќе помага во планирањето на операции насочени против Американците“.
Извор: vecer.mk

