Турција со реакции на одлуката на Израел да ја прошири својата воена операција во Газа

August 8, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во врска со одлуката на израелската Влада да ја прошири својата воена операција во Газа, во кое наведува: „Најостро ја осудуваме одлуката на Израел да ја прошири својата воена операција во Газа, што претставува нова фаза од неговата експанзионистичка и геноцидна политика во регионот“, известува Анадолу.

Турското МНР во писмено соопштение наведе дека секој чекор што го презема „фундаменталистичката“ Влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за продолжување на геноцидот врз Палестинците и проширување на окупацијата нанесува тежок удар врз меѓународниот мир и безбедност, ја зголемува регионалната нестабилност и дополнително ја продлабочува хуманитарната криза.

„Воспоставувањето траен мир во нашиот регион ќе биде можно само преку владеење на меѓународното право, приматот на дипломатијата и заштитата на основните човекови права. Окупаторскиот Израел мора веднаш да ги запре своите воени планови, да прифати прекин на огнот во Газа и да започне преговори за решение со две држави“, се вели во соопштението и се истакнува:

„Ја повикуваме меѓународната заедница да ги исполни своите одговорности за да го спречи спроведувањето на оваа одлука чија цел е насилно раселување на Палестинците од нивната сопствена земја и Газа да се направи несоодветна за живот и апелираме до Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) да усвои обврзувачки резолуции за да се спречат дејствата на Израел што ги прекршуваат меѓународното право и хуманитарните вредности.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шелтон го освои турнирот во Торонто

Следно

Општина Касандра продолжува со отстранувањето на недозволено поставени чадори и предмети на плажи

Latest from Blog

Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна Оливер Вархеји денеска во Брисел го потпишаа документот со кој Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH и,

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и

Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“
Go toTop