Турскиот претседател доби над 100 честитки за повторниот избор на неговата функција

May 30, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган продолжува да добива честитки од светските лидери по повторниот избор на неговата функција, изјави шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, пренесува Анадолу.

„Претседателот досега доби телефонски повици со честитки од 19 земји. Покрај тоа, повеќе од 100 лидери и меѓународни организации му го честитаа реизборот на претседателот со писмени пораки“, напиша Алтун на Твитер.

Туркије на 28 мај излезе на гласање за вториот круг од претседателските избори откако ниту еден кандидат не доби 50 отсто гласови потребни за целосна победа на изборите на 14 мај.

Ердоган победи во трката со 52,14 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу доби 47,86 отсто, покажуваат неофицијалните резултати.

„Претседателот ќе продолжи да ги користи можностите на лидерската дипломатија за да ги подобри нашите билатерални односи, да ги реши регионалните и глобалните прашања и да придонесе за мирот и стабилноста и во новата ера“, рече Алтун.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КФОР: Приштина и Белград да преземат одговорност за настаните на северот на Косово

Следно

Вучиќ до Квинтата: Повлекување на градоначалниците и на полицијата е услов за зачувување на мирот на Косово

Latest from Blog

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во

Општина Битола: Продолжува креирањето на буџетот за 2027 година заедно со граѓаните

Општина Битола го најави одржувањето на третиот буџетски форум, на кој граѓаните ќе имаат можност да учествуваат со свои идеи, предлози и иницијативи во процесот на креирање на општинскиот буџет за 2027

Божиновска: На 25 ноември во Скопје го отвораме Првиот форум за енергетска дипломатија

На 25 ноември, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, најави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања
Go toTop