Турскиот министер Фидан: „Настаните во регионот навестуваат дека војната во Газа ескалира во поширок вител“

January 16, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека актуелните настани на Блискиот Исток укажуваат на тоа дека тримесечната војна во Газа се проширува во нешто пошироко, јавува Анадолу.

„Не е погрешно да се види дека она што се случи во Црвеното Море, Сирија и Ирак навестува дека спиралата на војната во Газа постепено ќе се претвори во поголем вител“, рече Фидан на заедничката прес-конференција со неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ- Радман во главниот град Анкара.

„Туркије на релевантните платформи соопшти дека не може да има траен мир во регионот без еднаква безбедност и суверенитет за Палестинците“, додаде Фидан.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас во кој Тел Авив вели дека се загинати 1.200 луѓе.

Според палестинските здравствени власти, оттогаш во израелските напади загинати се најмалку 24.285 Палестинци, главно жени и деца, а 61.154 се повредени.

Според Обединетите нации, 85 отсто од населението на Газа е веќе внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Форум во Давос: Климатските промени во наредните децении се закануваат со смрт на милиони луѓе

Следно

Ковачевски: На крајот на идната недела процедура за техничката влада, во СДСМ е почнато предлагањето кандидати за претседател и пратеници

Latest from Blog

Македонија пат: Сите патишта се проодни, механизацијата активно го чисти снегот низ државата

Информираме дека сите државни и регионални патишта низ државата се проодни за сообраќај, а истиот се одвива по влажни коловози Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со

Сите патни правци се проодни и се чистат од снег, сета расположлива механизација активно работи на патиштата низ државата

Сообраќајот на сите државни и регионални патишта низ државата се одвива по влажни коловози, а сите патни правци се проодни за сообраќај и се чистат од снег со сета расположлива механизација која

Трамп му нуди на Путин бизнис договори за да стави крај на војната во Украина, Кремљ незаинтересиран

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наводно ги откажала плановите за користење на профитабилни деловни зделки со Русија како средство за ставање крај на војната во Украина, откако Москва покажа мал интерес
Go toTop