Туркије: Во Антакија спасена жена, 176 часа по земјотресот

February 13, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Спасувачките тимови во јужните делови на Туркије спасија жена од урнатините на зграда во Антакија, во Хатај, дури 176 часа по првиот разорен земјотрес што го погоди регионот, јавува Анадолу.

Откако дознале дека под урнатините има преживеан, спасувачите започнале акција за спасување, а потоа успеале да ја извлечат жената Серап Донмез.

Како што јави репортерот на Анадолу, членовите на спасувачката екипа не ги криеле солзите по успешното спасување, а жената е хоспитализирана.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш на 6 февруари, а бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.​​​​​​​

Во земјотресите животот го загубија најмалку 31.643 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(Видео) Волонтерите револтирани: Искинати гаќи се оставаат на плоштад

Следно

Апсења во Гази Баба, Центар и Карпош поради дрога

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум
Go toTop