Туркије со бројни манифестации го одбележува Денот на Републиката

October 29, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во Република Туркије денеска со бројни манифестации, програми и активности се одбележува 29 Октомври – Денот на Републиката и 101-годишнината од прогласувањето на Република Туркије, известува Анадолу.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган придружуван од државните претставници го посети Аниткабир по повод 29 Октомври – Денот на Републиката.

На церемонијата на патеката на лавовите до мавзолејот претседателот Ердоган го придружуваа претседателот на Големото национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш, потпретседателот Џевдет Јилмаз, претседателот на партијата ЏХП Озгур Озел, претседателот на МХП Девлет Бахчели, членовите на Претседателскиот кабинет, шефовите на повисоките судски тела, Началникот на Генералштабот на Туркије, армискиот генерал Метин Ѓурак, и командантите на силите.

Денот на Републиката се слави низ целата земја, од Истанбул, Анкара, Измир, Трабзон па до Газиантеп и Кахраманмараш.

Националниот празник Денот на Републиката во Туркије се слави на 29 октомври во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Туркије во 1923 година. Републиката беше прогласена од воениот водач Мустафа Кемал Ататурк, кој тогаш беше избран од Големото национално собрание на земјата за прв претседател на современа Туркије.

Еден од најголемите национални празници е обележан со низа манифестации низ земјата, а беа положени и венци во Аниткабир, мавзолејот на Ататурк.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аморим ја прифатил понудата од Јунајтед, останува двата клуба да се договорат

Следно

Николоски за „Катимерини“: Единствениот начин да се оди напред е преку создавање заеднички проекти кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе

Latest from Blog

Проданоски: 10 години „Гентерм“ во Прилеп – инвестиции, работни места и нови можности

Во Прилеп беше одбележана 10-годишнината од постоењето и работењето на компанијата „Гентерм“ во ТИРЗ Прилеп. По тој повод, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека компанијата во изминатата деценија прераснала во

Коњановски: Создаваме услови за нови инвестиции и соработка со Австралија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација за Република Македонија, Питер Трасвел. На средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу

Американскиот Балкански трговски центар потпиша договор за стратешко партнерство со Стопанската комора на Илиноис

Американскиот балкански трговски центар (AБTC) официјално потпиша договор за стратешко партнерство со Трговската комора на Илиноис, означувајќи важен нов чекор во мисијата на организацијата за зајакнување на деловните врски и создавање нови

ПАПАМОБИЛ, ДИПЛОМАТИЈА И 15.000 ЛУЃЕ ОД БЕЗБЕДНОСТА: Зад сцената на папската посета на Франција

Папамобил, претходница, протоколи за итна медицинска помош… Секое папско патување бара темелни подготовки – балансирање меѓу дипломатијата, политиката, верата и безбедноста, известува „Франс-прес“ (Agence France-Presse). Папата Лав XIV ќе престојува во Франција
Go toTop