Туркије: Продолжува лекувањето на 1.374 повредени лица донесени во Истанбул од подрачјето на земјотресот

February 17, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во болниците во Истанбул од подрачјата погодени од земјотресот се донесени 8.555 лица, а се продолжува лекувањето за 1.374, јавува Анадолу.

Од болниците се отпуштени 7.181 лице.

Повредените лица се донесени во Истанбул со авиони на Турските вооружени сили и Министерството за здравство. Повредените со возила на Брза помош од аеродромот се пренесени во државните, приватните и универзитетските болници во градот.

Најмалку 38.044 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на 6 февруари.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Кахраманмараш, погодија 11 области, каде што живеат над 13 милиони луѓе.

Земјотреси го потресоа целиот регион, а во соседна Сирија загинаа над 3.600 луѓе, додека повеќе од 14.000 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ИНТЕГРАЛНО) Правното резиме на одлуката од Стразбур: Зошто Судот смета дека жалбите се недопуштени

Следно

В недела бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Меѓународниот ден на туристички водичи

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop