Туркије ѝ понуди помош на Грција во справувањето со големите пожари што беснеат близу Атина

August 12, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије денес ѝ понуди помош на Грција за справување со големиот шумски пожар што моментално беснее во областите во близина на главниот град Атина, јавува Анадолу.

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, ја пренел пораката на Атина дека Анкара е подготвена да ѝ помогне на Грција како дел од добрососедските односи, соопштија турски дипломатски извори.

Грчката страна истакна дека ќе ја земе предвид понудата и ќе побара поддршка од Туркије доколку е потребно.

Изворите додаваат дека Туркије понуди помош на Грција бидејќи во моментов нема големи пожари во рамките на Туркије.

Пожарот што избувна вчера попладне во подрачјето на Варнавас брзо се прошири, создавајќи огнен фронт од над 30 километри, јави државната новинска агенција ЕРТ.

Пожарот, кој моментално беснее на три главни локации, веќе доведе до наредби за евакуација на десетина населени места.

Евакуирани се и детска и воена болница, како и најмалку два манастири.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Руската рубља ја губи вредноста додека украинската војска продолжува со нападот врз Курск

Следно

Фезер: Заканата од исламистички тероризам во Германија „останува висока“

Latest from Blog

Охридско езеро во фокусот на меѓународната соработка: средба Меџити – Агелер

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, на која дискутираа за унапредување на соработката во заштитата и одржливиот развој на Охридското

Личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање во посета на Кипар

 Личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање Марија Анхела Олгин се очекува денеска да пристигне на Кипар, каде што утре ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис,

ВЛЕН обвинува за системска корупција во МНР за време на мандатот на Османи

На прес-конференција, Арбер Кадриу од ВЛЕН-Чаир го обвини Министерството за надворешни работи за сомнителни, незаконски и исклучително скапи набавки за време на мандатот на поранешниот министер Бујар Османи. Документите што ги обезбеди
Go toTop