Туркије неутрализираше седуммина терористи на ПКК во Северен Ирак и Сирија

May 17, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) — Турските безбедносни сили „неутрализираа“ вкупно седуммина терористи на ПКК/ЈПГ во Северен Ирак и Сирија, во близина на турската граница, соопшти денес Министерството за национална одбрана, јавува Анадолу.

„Тројца од терористите се неутрализирани во зоната на операцијата ‘Канџа-катанец’ во Северен Ирак, а четворица се неутрализирани во зоната на операцијата ‘Штитот на Еуфрат’ во Северна Сирија“, се вели во соопштението на Министерството.

Терористичката организација ПКК е позната по тоа што го користи Северен Ирак, во близина на турската граница, како засолниште за планирање терористички напади и за изведување напади и врз Туркије и врз локалното население во Северна Сирија.

Од 2016 година Анкара започна три успешни антитерористички операции преку своите граници во Северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ова се дел од најагресивните раси кучиња

Следно

Управниот суд ја одби првата жалба од Европскиот фронт

Latest from Blog

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги
Go toTop