Туркије: Компанијата „Бајкар“ ја претстави новата паметна крстосувачка ракета КЕМАНКЕШ

April 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – ЃОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ –

Турската компанија „Бајкар“ на јавноста ѝ претстави нов производ од одбранбената индустрија, станува збор за паметната крстосувачка ракета БАЈРАКТАР КЕМАНКЕШ, јавува Анадолу.

На аеродромот „Ататурк“ во Истанбул денес започна ТЕХНОФЕСТ, најголемиот турски фестивал за воздухопловство и технологија. Петдневниот фестивал содржи бројни настани како што се технолошки натпревари, авиошоуа, концерти и семинари.

На настанот се одржа и првото претставување на крстосувачката ракета КЕМАНКЕШ развиена од компанијата „Бајкар“, позната на светската јавност по успешниот развој и производство на беспилотни летала.

Шефот на инженерскиот тим на платформата на „Бајкар“, Бурак Озбек, за Анадолу изјави дека БАЈРАКТАР КЕМАНКЕШ е развиена за да ја зголеми офанзивната способност против стратешките цели со беспилотното летало Бајрактар ТБ2. Тој додаде дека покрај Бајрактар ТБ2, КЕМАНКЕШ може да се интегрира со сите летала од таа компанија.

„Со ласерски водена муниција што моментално ја користиме мора да се приближите до целта и да ја видите целта. Тоа ве става во ризичната зона. Бидејќи обезбедуваме комуникација воздух-воздух особено со леталото ТБ2, КЕМАНКЕШ ја постигна способноста за напад на непријателските елементи од многу поголема далечина, дури и без влегување во ризичното подрачје. Таа е способна да нападне цел со обработка на снимки со помош на сопствен систем и вештачка интелигенција. Исто така може да дејствува и во средини на електронско војување со сопствените GNSS-системи против пречки. Во таа смисла, сметам дека ТБ2 значително ќе ги зголеми своите можности“, рече Озбек.

Нагласувајќи дека овој проектил е во фаза на напредни тестови, Озбек рече дека ќе биде вклучен во масовно производство до крајот на оваа година.

Вкупната тежина на КЕМАНКЕШ е 35 килограми, вклучувајќи ја и боевата глава од шест килограми. Погонот на ракетата е млазен мотор и максималниот домет ќе ѝ биде 250 километри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина ќе ги дигитализира рудниците за да ја подобри безбедноста

Следно

Во реката Вардар пронајдено телото на исчезнатиот 25-годишник

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop