Туркије: Израел изврши „злосторство против човештвото“ убивајќи над 100 цивили засолнети во училиште во Газа

August 10, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израел изврши „ново злосторство против човештвото“ убивајќи над 100 цивили засолнети во училиште во населбата Ал-Дараџ во градот Газа, истакна денес турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

„Овој напад уште еднаш покажа дека Владата на Нетанјаху има намера да ги саботира преговорите за траен прекин на огнот“, се наведува во соопштението на Министерството.

„Меѓународните актери кои не преземаат чекори за да го запрат Израел се соучесници во злосторствата на Израел“, се додава.

Рано утрово, израелската армија го гаѓаше со проектили училиштето Ал-Табаин во населбата Ал-Дараџ во кое се сместени раселени Палестинци, при што загинаа најмалку 100 Палестинци, соопшти владината Канцеларија за медиуми во Газа.

„Израелските напади беа насочени кон раселените луѓе додека ја извршуваа утринската молитва (сабах намаз), (што) доведе до брз пораст на бројот на жртви“, соопшти Канцеларијата за медиуми.

И покрај апелите во четвртокот од посредниците Египет, САД и Катар да се запрат непријателствата, да се постигне прекин на огнот и договор за размена на заложници, Израел продолжува со својата смртоносна офанзива во Појасот Газа.

Во израелската офанзива врз Газа од октомври минатата година убиени се речиси 39.700 Палестинци, главно жени и деца, а над 91.700 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Белорускиот претседател: Десетина украински дронови соборени над Белорусија

Следно

Делегацијата од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ положија цвеќе пред спомен-обележјата на загинатите бранители кај месноста Љуботенски бачила

Latest from Blog

Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година

Минималната цена на трудот, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната

Тудор: Дербито со Интер е повеќе од само три бода, мислам дека можеме до Скудето

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, пред саботното дерби со Интер одговараше на новинарски прашања за очекувањата од дербито. „Овој натпревар вреди повеќе од три бода; полесно ми е да се подготвам за
Go toTop