Туркије ги повикува европските земји да преземат мерки по нападите на поддржувачите на терористичката организација ПКК

March 27, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Поради серијата напади на поддржувачите на терористичката организација ПКК во Европа, Туркије денес ги повика европските земји да преземат итна акција, наведувајќи дека очекува засегнатите земји да ги изведат напаѓачите пред лицето на правдата, пренесува Анадолу.

Поддржувачите на ПКК синоќа го нападнаа влезот на Генералниот конзулат на Туркије во Хановер, Германија. Нема загинати или повредени, но е направена штета на зградата која германските безбедносни служби се должни да ја заштитат како официјално претставништво на Туркије во таа земја.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека по нападот биле контактирани германските официјални лица и дека биле потсетени дека тие се одговорни за „безбедноста на нашите граѓани и дипломатските претставништва и дека не смеат да се толерираат провокации против турската заедница во Европа“.

„Терористичката организација ПКК, која сега е ставена во ќош, ги интензивира своите акции против турската заедница во Европа. Благодарение на здравиот разум на нашите граѓани, овие провокации не доведоа до посериозни инциденти“, се наведува во соопштението.

„Очекуваме засегнатите земји да покажат нулта толеранција кон дејствијата на поддржувачите на терористичката организација и што е можно поскоро да ги изведат сторителите пред лицето на правдата.“

Нападот врз Конзулатот, што се случи за време на маршот на поддржувачите на терористичката ПКК, следуваше по слични акции во последните денови во Хамбург и Белгија, вклучително и напади врз локални Турци.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

Иако е официјално забранета во Европската Унија и поединечни земји членки, во практика на терористичката организација ПКК ѝ е дозволено да протестира, да собира средства за својата терористичка кампања и да се заканува или да го напаѓа локалното население во европските земји.

Туркије силно ја осудува толеранцијата кон терористичката организација ПКК и нејзините поддржувачи во Европа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

СЗО: Скоро секое шесто дете било жртва на сајбер насилство

Следно

Продолжува потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Latest from Blog

Обид за убиство во Скопје: Турчин со капак од шахта се обидел да убие сонародник

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со

ЗАГРЕПСКИОТ МУЗЕЈ ЗА УМЕТНОСТ ПО 71 ГОДИНА ЌЕ ИЗЛОЖИ 24 ДЕЛА ОД СТУДЕНТСКИТЕ ДЕНОВИ НА ПРВАТА МАКЕДОНСКА АКАДЕМСКА СЛИКАРКА МЕНА СПИРОВСКА

Дваесет и четири дела од Мена Спировска (1928-2011), првата македонска академски образована сликарка, на 13 мај ќе се изложат во Културно информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Загреб (19 часот). Изложбата е

Гореше бутик во Карпош

Денеска (10.05.2025) околу 04 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил опожарен бутик на подрачјето на Карпош. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани – семејствата на загинатите ја одбија поканата за средба со Мицкоски

Попладнево во кочани се одржува протестниот „Марш на ангелите“ на кој учествуваат родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во кобната ноќ меѓу 16-ти и 17 март. Пред протестот родителите испратија соопштение во

Македонските каратисти на карате семинар во Виндзор

Македонските каратисти предводени од Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви викендов учествуваат на врвен карате семинар во Винздор, Англија. Семинарот го водат Такаши Оиши 9 дан, шеф инструктор на Јапонија и повеќекратен светски
Go toTop