Туркије: Чекорите на САД кои го охрабруваат Јужен Кипар да се вооружи не придонесуваат за регионалната стабилност

April 10, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Американските чекори кои ја охрабруваат администрацијата на кипарските Грци на Јужен Кипар дополнително да се вооружува, не придонесуваат за регионалната стабилност, соопшти турското Министерство за надворешни работи, пренесува Анадолу.

„Како што постојано нагласувавме заедно со ТРСК (Турска Република Северен Кипар), чекорите преземени од САД на сметка на нарушување на рамнотежата од островот Кипар и охрабрување на вооружувањето на администрацијата на кипарските Грци не придонесуваат на кој било начин за регионалната стабилност или праведно, одржливо и трајно решавање на кипарското прашање“, се вели во соопштението на Министерството.

„Туркије силно ја поддржува изјавата на Министерството за надворешни работи на ТРСК за неодамнешното закотвување на американска подморница за напад во пристаниште на кипарските Грци и активностите за вооружување на администрацијата на кипарските Грци“, се додава во соопштението.

„Уште еднаш ги повикуваме САД да ги преиспитаат овие политики. Повторуваме дека Туркије ќе продолжи одлучно да ги брани правата и интересите на ТРСК под сите околности и услови, во рамките на одговорноста што произлегува од нашиот статус на гарант“, се вели во соопштението.

– Кипарско прашање –

Островот е блокиран во повеќедеценискиот спор меѓу кипарските Грци и кипарските Турци и покрај низата дипломатски напори за постигнување сеопфатно решение.

Етничките напади што започнаа во раните 1960-ти години ги принудија кипарските Турци да се повлечат во енклави заради својата безбедност.

Во 1974 година државниот удар на кипарските Грци, со цел грчка анексија на островот, доведе до воена интервенција на Туркије како гарантна сила за заштита на кипарските Турци од прогон и насилство. Турската Република Северен Кипар е основана во 1983 година.

Во изминатите години беше сведок на повремен мировен процес, вклучително и неуспешната иницијатива од 2017 година во Швајцарија под покровителство на земјите гаранти Туркије, Грција и Велика Британија.

Администрацијата на кипарските Грци беше примена во ЕУ во 2004 година, истата година кога кипарските Грци го спречија планот на ОН за ставање крај на долгогодишниот спор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЕЛИГДЕНСКИОТ КОНЦЕРТ НА „ТАНЕЦ“ ВО НОБ СО МУЗИКАТА НА МИЛАН ЗАВКОВ

Следно

Пропадна и третиот јавен повик на Град Скопје за приватните превозници

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop