Црвен крст ја одложува свечената академија по повод одбележувањето на 80 – годишнината од формирањето на Црвениот крст

March 16, 2025
1 min read

Од Црвен крст информираат дека ја одложуваат свечената академија по повод одбележувањето на 80 – годишнината од формирањето на Црвениот крст.

„Со голема жал, денес не потресе веста за страшната трагедија која се случи во Кочани и однесе многу млади животи. Изразуваме длабоко сочувство, поддршка и солидарност до семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани.  На повредените им посакуваме што побрзо закрепнување, сила и храброст да ги пребродат овие тешки моменти.

Во моментите на тага останува сите ние да останеме солидарни и да продолжиме да ја обезбедуваме потребната поддршка за сите семејства погодени од овој трагичен настан. Црвениот крст, во рамките на своите надлежности и расположливи капацитети е заедно со семејствата на настраданите и обезбедуваме најразличен вид на поддршка во Кочани и во другите градови каде има сместено повредени лица во болниците.

Изразувајќи сочувство со болката на семејствата на настраданите и повредените, сакаме да ве информираме дека Црвениот крст на РСМ донесе одлука, Свечената академија по повод одбележувањето на 80 – годишнината од формирањето на Црвениот крст на РСМ која требаше да се одржи на 18 март 2025 година под покровителство на претседателката на РСМ Гордана Сијлјановска Давкова ќе се одложи на неопределен период.

Останува сите заедно да бидеме обединети и солидарни во овие моменти на болка и да продолжиме да ја обезбедуваме неопходната поддршка за граѓаните на нашата земја“, велат од таму.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три лица со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун

Следно

ИН МЕМОРИАМ: Андреј од ДНК го загуби животот во пожарот во Кочани

Latest from Blog

Халанд не може да биде капитен на Сити зошто постигнува премногу голови!

ФОТО: Manchester City/FB Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД – Иран наидоа на нов ќорсокак

Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за

Вечер за паметење во Битола: Музика, танц и емоции за 35 години независност на Македонија

Силно светнал ден во Битола, нека ни е вечна Македонија, едногласна беше пораката на многубројната публика која синоќа беше дел од програмата за прославата на независноста на Македонија. Спектакуларно и претесно беше

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов
Go toTop