Ципрас по изборите во Грција: Резултатот за Сириза е крајно негативен, мора да ги направиме сите потребни промени 

May 22, 2023
2 mins read

Нова демократија на актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, според Катимерини кој се повикува на првичните прелиминарни резултати, освоила 40,79 отсто од гласовите, обезбедувајќи 146 места во грчкиот парламент кој брои 300 места. Опозициската Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас со 20,07 отсто освоени гласови се очекува да добие 71 место во парламентот, трета и социјалистичката ПАСОК со 11,46 отсто освоени гласови, кои ќе ѝ обезбедат 41 место, додека комунистичката ККЕ со 7,23 отсто од гласовите треба да има 26 пратенички места

Со речиси сите пребројани гласови на општите избори во Грција што се одржаа вчера, владејачката Нова демократија има убедливо водство од околу 21 процентен поен пред опозициската Сириза, јавуваат утрово грчките медиуми.  

Прелиминарните резултати од изборите во Грција/Графикон: Би-би-си (Извор: Министерство за внатрешни работи на Грција)

Нова демократија на актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, според Катимерини кој се повикува на првичните прелиминарни резултати, освоила 40,79 отсто од гласовите, обезбедувајќи 146 места во грчкиот парламент кој брои 300 места. Опозициската Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас со 20,07 отсто освоени гласови се очекува да добие 71 место во парламентот, трета и социјалистичката ПАСОК со 11,46 отсто освоени гласови, кои ќе ѝ обезбедат 41 место, додека комунистичката ККЕ со 7,23 отсто од гласовите треба да има 26 пратенички места. Националистичката партија Грчко решение, според прелиминарните резултати, ќе има 16 пратенички места со освоени 4,45 отсто од гласовите на грчкиот електорат.  

Останатите партии кои не успеаја да го поминат изборниот праг од 3 отсто за влез во парламентот се националистичката Ники, Пловидба до слободата и левичарската Мера 25 на поранешниот министер за финансии во владата на Ципрас, Јанис Варуфакис.  

Според уставот на Грција, премиерот Кирјакос Мицотакис ќе добие мандат за состав на влада, но и покрај убедливата победа ќ, ќе му биде потребен коалициски партнер за да обезбеди мнозинство во парламентот кој брои 300 места.  

Сепак, како што најавија од Нова демократија, партијата на Мицотакис има намера да обезбеди еднопартиско владеење, па шансата за тоа ќе ја бара на нови избори кои, според најавите, ќе се одржи кон крајот на јуни или почетокот на јули, наведува Катимерини.  

Извори од владејачката партија, на кои се повикува весникот, велат дека новите извжбори наместо на 2 јули би може да се одржи на 25 јуни. За нив ќе важи новиот закон со кој се враќа старото правило на грчките избори дека победничката партија, во зависност од освоените проценти гласови, добива бонус пратеници (до 50 плус) што не важеше на овие избори. Оттука и математиката и желбата на Нова демократија брзо да се оди на нови избори.

Инаку, водството од над 20 процентни поени пред главната опозициска партија Сириза е најголемата разлика меѓу две водечки партии од првите постдиктаторски избори одржани во Грција по 1974 година.  

Актуелниот премиер и лидер на Нова демократија, Мицотакис ќ, во своето телевизиско обраќање синоќа рече дека „победата ги надмина сите очекувања“. 

„Пораката е Нова демократија да има еднопартиска влада“,  

рече тој, нагласувајќи дека на Грција и треба влада која верува во реформи и тоа не може да се случи со кревка администрација.

Од друга страна, лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, го опиша резултатот како „крајно негативен“ за неговата партија, најавувајќи итен состанок на партиските тела за анализа на грешките и проготовка за следната изборна битка.  

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас по изборите во Грција/Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Тој, како што јавуваат грчките медиуми, телефонски му ја честитал победата на својот ривал Мицотакис.  

 „Го повикав (Кирјакос) Мицотакис да му честитам. Битките имаат и победи и порази. Нашите колективни (партиски) тела веднаш ќе се состанат за да ги проценат резултатите. Ќе има уште една битка. Мора веднаш да ги направиме сите потребни промени“,

рече Ципрас, говорејќи од седиштето на Сириза.

Лидерот на ПАСОК-КИНАЛ, Никос Андрулакис, е задоволен од настапот на неговата партија, опишувајќи ги резултатот како „голема победа“. 

„Денес е многу голема ноќ за демократската партија. И сакам од се срце да им се заблагодарам на секоја Гркинка и Грк што ја потпишаа оваа многу голема победа денес“,

рече Андрулакис во својата прва изјава по објавувањето на резултатите, според кои се чини дека неговата партија ќе ги зголеми своите места во парламентот.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Маурисио Покетино прави ” чистка ” во Челси

Следно

Во Саудиска Арабија пристигнаа првата група аџии

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop