Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинки

October 30, 2025
1 min read

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети детската градинка „Срничка” во општина Аеродром.

Согласно Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2025 година, објавена во Службен весник бр. 27/2025 од 07.02.2025 година, околу 38.000 деца од сите градинки во државата ќе добиваат домашно и квалитетно овошје.

Издвоени се 40 милиони денари за набавка на околу 880.000 килограми домашно овошје. Во текот на три месеци, секое дете ќе добива еден килограм овошје неделно, односно по два вида овошје неделно, кое ќе се консумира во градинките како дел од дневната ужинка.

За првпат се предвидени и количини на овошје од органско потекло, што претставува дополнителен квалитет во исхраната на најмалите.

Оваа Програма претставува инвестиција во здравјето на најмалите, градење на навики за здрава исхрана од најрана возраст и конкретна поддршка за македонските земјоделци.

Преку директната набавка на домашно овошје, Министерството придонесува за зајакнување на земјоделското производство и обезбедување стабилен пазар за земјоделците.

– Децата заслужуваат „Македонско најдобро“ од најмала возраст. Секое дете заслужува здрава исхрана, а секој земјоделец заслужува поддршка. Заедно градиме здрава иднина за децата и одржлив развој за македонското земјоделство, истакна министерот при посетата на градинката „Срничка”.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во нередниот период ќе продолжи со реализација на Програмата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ристовски го пушти во употреба новиот спортски центар во Дебар

Следно

Кичево како пример за соживот и демократска зрелост

Latest from Blog

Престојот во природа е лековит: Колку е препорачаната „дневна доза на природа“?

Престојот во природа, прошетките во шумата, градинарството, вклучувањето во активности на отворено, прошетките меѓу дрвјата со црцорење птици… се само некои од активностите што се сметаат за терапија за телото и умот.

Вучиќ на Генералната конференција на УНЕСКО: Србија е горда на културното наследство

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска учествуваше на свеченото отворање на 43-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Самарканд, и истакна дека Србија е горда што од самиот почеток е активна

Пауновиќ и официјално е нов селектор на Србија

Она што се најавуваше како решение изминатите неколку дена, предмалку доби и официјализација. Вељко Пауновиќ е наследникот на Драган Стојковиќ на клупата на фудбалската репрезенатција на Србија. Откако Пикси си замина по
Go toTop