Три земји воведоа забрана за увоз на говедско месо од Бразил поради истрага за кравјо лудило

March 3, 2023
1 min read

Бразил истражува случај на говедска спонгиформна енцефалопатија (БСЕ) кај деветгодишен мажјак. Откривањето на случајот, објавено на 20 февруари, предизвика самонаметната забрана за продажба на бразилско говедско месо во Кина

Министерството за земјоделство на Бразил соопшти дека Тајланд, Иран и Јордан привремено го прекинаа увозот на говедско месо од Бразил додека властите истражуваат случај на кравјо лудило кај животно од државата Пара.

Министерството, исто така, потврди дека Русија го запрела увозот од државата Пара по откривањето на случај на кравјо лудило таму, се вели во соопштението испратено до Ројтерс.

Покрај тоа, Бразил го суспендираше извозот на говедско месо во Кина за да ги исполни условите од трговскиот договор. Има само една фабрика за пакување месо во државата Пара, овластена да продава производи од говедско месо во Русија, се додава во соопштението.

Бразил истражува случај на говедска спонгиформна енцефалопатија (БСЕ) кај деветгодишен мажјак. Откривањето на случајот, објавено на 20 февруари, предизвика самонаметната забрана за продажба на бразилско говедско месо во Кина.

Животното е убиено, а се чекаат тестови за да се утврди дали ја развил класичната форма на болеста или се работи за нетипичен случај, кој се јавува спонтано кај сите популации на говеда и не зависи од внесот на храна контаминирана со протеински честички – приони. Класичната БСЕ се смета за посериозна бидејќи вклучува контаминација со прион протеин и може да предизвика поширока забрана за трговија.

За прекинот на извозот во Русија претходно беше објавено во локалниот весник „Валор економико“, кој објави дека забраната стапила на сила во средата и се однесувала на живи животни, свежо и преработено месо и нуспроизводи.

Андреј Јурков, руски функционер за земјоделство во Бразил, одби да одговори дали Русија ќе ја укине забраната за увоз на говедско месо доколку бразилската влада потврди дека случајот е нетипичен, се вели во извештајот на Валор Екномика.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата со одлука ги обврза пекарите да произведуваат и продаваат леб по замрзната цена

Следно

Гала филмска вечер по повод Месецот на франкофонијата

Latest from Blog

Почнува фестивалската сезона: мај и јуни во знакот на вино, храна и музика

Веќе со првите потопли вечери, Македонија повторно влегува во сезоната на фестивали, период во кој градските плоштади, паркови и отворени сцени стануваат места за дружење, дегустација и традиционалните културни навики. Мај годинава

Проданоски: Без слободни медиуми нема силна и одговорна општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, упати благодарност и поддршка до сите локални новинари и медиуми за нивната секојдневна работа и

„ВМРО ДПМНЕ Албанија“ притиска за формирање општини Голо Брдо и Гора

Здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“,  поднесе официјално барање до Парламентарната комисија за административно-територијална реформа во Тирана, со кое се бара формирање на две нови општини – Голо Брдо и Гора. „Ова барање претставува сериозен

Трамп доби нова иранска понуда од 14 точки

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе го разгледа предлогот доставен од Иран, насочен кон завршување на конфликтот. „Наскоро ќе го прегледам планот што Иран штотуку ни го испрати, но не
Go toTop