Три турски телевизиски мрежи казнети за критики кон властите по земјотресите

February 22, 2023
1 min read

Турскиот Висок совет за аудиовизуелна комуникација казни три телевизиски мрежи кои ја критикуваа владата за управување со последиците од земјотресот, што на 6 февруари го погоди јужниот дел на земјата.

На телевизиите „Халк ТВ“, „Теле 1“ и „Фокс“ им се изречени и парични казни и привремена забрана за емитување поради „информации и коментари за земјотресот“, напиша на Твитер Илхан Ташчи, член на РТУК од редовите на опозицијата, пренесе Хина.

„Халк ТВ“ и „Теле 1“ се казнети со пет отсто од прометот во јануари и пет дена забрана за емитување на дневната програма.

„Фокс ТВ“ доби казна од три отсто од прометот во јануари.

Трите мрежи се познати по тоа што ја критикуваат владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а „ТВ Халк“ е особено блиска до главната опозициска Народно-републиканска партија (ЦХП).

Опозицијата и независните медиуми ја критикуваат Владата за отсуство и слабата реакција во првите денови по земјотресот што беше со јачина од 7,8 степени според Рихтер.

Ердоган минатата недела призна дека има „неуспеси“ во организирањето на помошта, оправдувајќи се со силината на земјотресот.

-Нивната неспособност ги чинеше животите на десетици илјади наши сонародници, рече претседателот на ЦХП Кемал Киличдароглу.

Турција, која во октомври минатата година усвои закон со кој објавувањето „лажни вести“ се казнува до три години затвор, во 2022 година беше рангирана на 149-то место во однос на слободата на медиумите од 180 земји, соопштија „Репортери без граници“ (РСФ).

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши самитот на „Б9“ во Варшава со декларација за засилување на колективната одбрана и помошта за Украина

Следно

Николов: По две недели криење разбравме дека има крах на здравствениот систем, затоа потребно е надлежните да преземат одговорност за колапсот со здравствениот систем

Latest from Blog

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето
Go toTop