Трговската комора ја поздравува мерката за еднаков третман на компаниите

October 10, 2025
1 min read

Владата достави предлог до Собранието за измени на Законот за данокот на додадена вредност, со кој сите нарачки од странство под 22 евра ќе се оданочуваат со 18% ДДВ.

Претседателот на Трговската комора, Сашо Дукоски, ја оцени мерката како „вистински чекор кон фер конкурентска средина“.

„Сметаме дека досега домашните компании беа ставени во нерамноправна позиција бидејќи големите онлајн платформи продаваа производи без дополнителни давачки, што ја нарушуваше конкурентноста и ги поттикнуваше потрошувачите да купуваат надвор од земјата. Државата не само што создава порамноправни услови за сите домашни бизниси, туку се создава и простор за зголемување на надзорот врз квалитетот и безбедноста на производите коишто се продаваат и испорачуваат“, истакна Дукоски.

 

Според него, оваа мерка ќе придонесе за зајакнување на домашната економија и зголемување на довербата на потрошувачите кон домашните производи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Научниците проучуваат ретка, „одметната“ планета, 5 – 10 пати поголема од Јупитер

Следно

Овиедо му врачи отказ на Пауновиќ, нов тренер е Карион

Latest from Blog

Заедница каде што бракот не постои: Жените се наследнички и чувари на домот, а љубовните врски се засноваат на слободен избор и меѓусебно почитување

Во свет каде што патријархалните структури и воспоставените општествени обрасци се речиси насекаде, постои заедница која со векови ги побива правилата. На бреговите на кристално чистото езеро Лугу, на границата на кинеските

Појадок кој го намалува холестеролот и го чува срцето – едноставна намирница која крие вистинско богатство за здравјето

Од холестеролот зависи произведувањето на хормоните како естроген и тестостерон, создавањето витамин Д и варењето на храната. Црниот дроб произведува голем дел од холестеролот, а останатиот дел го внесуваме преку исхраната. Проблемот

Свечена академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Утре, 11.10.2025 година (сабота), со почеток во 12:30 часот по повод одбележување на 11 Октомври Денот на народното востание ќе се одржи свечена академија „На вистинската патека, за татковина со иднина“. Академијата
Go toTop