Трчање во зима: Зошто ова е одлична фитнес идеја?

December 12, 2025
1 min read

Кога температурите се приближуваат до нула, на повеќето луѓе им звучи непријатно да облечат патики, јакна и капа и да излезат на трчање.

Ако ги исклучиме страстните тркачи кои не се откажуваат од омилената активност ниту во зима, тренингот дома или во теретана навидум изгледа подобра опција.

Сепак, трчањето на студ има неколку неочекувани придобивки за организмот. Иако на прв поглед можеби не изгледа пријатно, има повеќе причини зошто токму зимата може да биде идеален момент да го вклучите џогирањето во вашата фитнес-рутина.

Покрај тоа, експертите тврдат дека трчањето на студено време е поздраво за телото отколку на топло – некои од придобивките се зголемено согорување калории и подобрување на расположението преку борба против сезонското афективно нарушување, познато како зимска меланхолија.

Трчањето на студ може да го забрза метаболизмот

Иако телото се загрева додека трчаме, истражувањата укажуваат дека изложеноста на ниски температури може да предизвика специфичен облик на термогенеза – зголемување на метаболизмот што се постигнува со активирање на посебно ткиво наречено кафеаво масно ткиво, кое помага во согорување на калории.

Позитивен ефект врз менталното здравје

„Runner’s high“ – термин што го опишува еуфоричното чувство што го искусуваат тркачите за време или по неколку истрчани километри – се јавува поради ослободување на ендорфини и ендоканабиноиди кои го намалуваат стресот и предизвикуваат чувство на среќа. Овој ефект се јавува во секое годишно време, но во зима може да биде уште покорисен, особено кај оние што страдаат од зимска депресија.

Редовното изложување на студ му помага на телото постепено да се прилагоди и да го намали стресниот одговор на зимските услови.

Како да се подготвите за трчање на студ?

Пред сè, проверете ја временската прогноза: трчањето по дожд или снег, особено за почетници, не е пријатно искуство и може да биде ризично ако немате соодветна обувка. Затоа, најдобро е да изберете ден без врнежи.

Експертите советуваат дека за време на трчање не ви треба подебела облека како за обично пешачење, бидејќи телото само ќе се загрее. Облечете се така како да температурата е околу 10 степени повисока од реалната. Направете и кратко загревање пред да излезете.

Кога станува збор за облека, важно е да се облечете во слоеви што ќе го заштитат телото, но ќе овозможат движење и проветрување. Термо-хеланки, маица со долги ракави што не впива пот и водоотпорна, ветроотпорна јакна се задолжителни. Иако памукот е пријатен материјал, не е најдобар избор бидејќи го задржува потта и ве лади. Потребни се и ракавици или маица што ги покрива дланките, бидејќи екстремитетите најмногу чувствуваат студ. Добра идеја е и специјална маска за лице, бидејќи студениот воздух може да предизвика кашлица и сушење на грлото.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мал авион се урна во Мавровско Езеро

Следно

Проданоски: Прилеп подготвен за големото чествување на Свети Никола

Latest from Blog

Просветление грешним

Кога ги читате и слушате сите локални магистерчиња и докторчиња, професорчиња и аналитичарчиња, новинарчиња и шефици на кабинети…, сите трагачи по „вистини“ и откривачи на „ѕверовите“ во нас и наоколу – а

Витаминка со Стоби Флипс и купувачите донираат 1.000.000 денари за СОС Детско село

Кампањата „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“ што Витаминка ја реализираше преку Стоби Флипс, успешно заврши и резултираше со донација од 1.000.000 денари за СОС Детско село. Средствата

Коњановски: Признанијата за учителите се признание за целото општество

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со добитничките на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година – Наташа Тодоровска, наставник по одделенска настава во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, и

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува успешна кариера на Клодиан Брахо нов раководител на СПАК и очекува со приоритет да го истражи незаконското издавање на уверенија за бугарско потекло од албанските локални институции

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува на г-дин Клодиан Брахо, кој  беше избран за нов раководител на Специјалната структура против корупција и организиран криминал (СПАК). Македонско друштво “Илинден“-Тирана очекува СПАК со приоритет да
Go toTop