Трамп со порака до Ким Џонг Ун: Ако сака да се сретне со мене, ќе бидам во Јужна Кореја

October 27, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделник дека е подготвен да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговата претстојна посета на Јужна Кореја, доколку Ким го сака тоа, пишува „Анадолу“.


„Би бил среќен да се сретнам со него ако сака. Се сложувавме одлично. Ако сака да разговара, ќе бидам во Јужна Кореја“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ за време на летот од Малезија до Јапонија, како дел од неговата азиска турнеја.

Кога го прашале дали би го продолжил своето патување за да се сретне со Ким, тој одговорил:


„Не сум размислувал за тоа, но мислам дека одговорот би бил – да“.

Минатата недела, Трамп ја опиша Северна Кореја како „некаков вид нуклеарна сила“ и нагласи дека е отворен за дијалог.


„Ако сакате да се сретнеме, јас сум отворен за тоа“, рече тој тогаш.

Пјонгјанг претходно изјави дека средбата би била можна ако САД го прифатат нуклеарниот статус на Северна Кореја, кој Ким го нарекува „неповратен“.

Трамп и Ким последен пат се сретнаа во 2019 година во демилитаризираната зона што ги разделува двете Кореи.

Во среда, Трамп ќе отпатува во Јужна Кореја, каде што ќе се сретне со претседателот Ли Џе Мјунг, ќе одржи говор на деловен ручек во рамките на форумот на АПЕК и ќе учествува на работна вечера на американските и азиско-пацифичките лидери.

Тој ќе одржи самит со кинескиот претседател Си Џинпинг во четврток.

Зборувајќи со новинарите, Трамп, исто така, го коментираше најновиот воен потег на Русија и ја осуди најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека ја тестирал крстосувачката ракета „Буревестник“.

„Тоа е несоодветно. Путин треба да ја заврши војната во Украина наместо да тестира ракети“, рече Трамп, додавајќи дека тоа е „војна која требаше да трае една недела, а сега влегува во својата четврта година“.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Секој родител го сака најдоброто за своето дете, но понекогаш ги правиме ОВИЕ ненамерни грешки

Следно

Ѓорѓиевски: Верата и црквата нѐ сплотуваат и ни даваат мир

Latest from Blog

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ, ОВА МОРА ДА ГО ИМАТЕ НА УМ: Жени кои настрадале од контакти и запознавање преку интернет

Мила Опалиќ, поранешна српска конзулка во Шведска, ги предупреди жените да бидат внимателни, особено по запознавање и контакти преку интернет и социјални мрежи,  бидејќи можат да станат жртви на организиран криминал и

Интервју на Ѓорѓиевски за МКД.мк: Мојата програма за Скопје е издржана и реална

Нема изговори и оправдувања за градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Таа го предизвика ова, но мора да знае дека таквата одлука е безумие што ќе има последици. Зад ваков чин стои одговорност,

Зеленски: Санкциите од САД кон Русија не се доволни, потребни нѝ се ракети со долг дострел

Украинскиот претседател Володомир Зеленски за „Аксиос“ изјави дека новите американски санкции кон Русија ќе предизвикаат сериозна штета на руската воена машинерија, но и дека дополнително на Украина и се потребни ракети со
Go toTop