Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека имал добар и продуктивен телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин, пред средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најавена за денес во Флорида.
„Тукушто имав добар и многу продуктивен телефонски разговор со претседателот Путин на Русија пред мојата средба денес во 13:00 часот (19:00 часот по средноевропско време) со претседателот Зеленски на Украина. Средбата ќе се одржи во главната трпезарија на хотелот Мар-а-Лаго. Претставници на печатот се поканети“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth.
Претходно, американската администрација објави дека средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида е одложена за денес во 13:00 часот по локално време, односно во 19:00 часот по средноевропско време.
Извор: tv21


