Трамп го угости извршниот директор на Мета, Закерберг, на вечера во неговиот клуб Мар-а-Лаго во Флорида

November 28, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го угости извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, на вечера во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида, објави „Си-би-ес њуз“, пренесува Анадолу.

Средбата ги спои поранешниот претседател, кој претходно беше забранет од таа платформа, и основачот на Фејсбук.

Портпаролот на Мета за „Си-би-ес њуз“ ја потврди вечерата, велејќи дека Закерберг е благодарен за поканата и можноста да се сретне со членовите на тимот на Трамп во администрацијата што доаѓа.

Стивен Милер, назначен за заменик-шеф на кабинет за вториот мандат на Трамп, исто така рече дека Закерберг, како и другите бизнис-лидери, сака да ги поддржи економските политики на Трамп.

„Марк, очигледно, има свој интерес, има своја компанија и има своја агенда“, рече Милер во интервју за „Фокс њуз“.

„Но, тој јасно стави до знаење дека сака да ја поддржи националната обнова на Америка под водство на Трамп“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Стојаноски: Наместо да работеа за подобрување на стандардот на граѓаните, СДС-ДУИ мислеа на богатење на својот џеб

Следно

Лампард му се враќа на фудбалот по 18 месеци, ќе води клуб од втора лига

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop